Категорија: Актуелни информации

ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ОДРЖА СЕДНИЦА

ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ ОДРЖА СЕДНИЦА

Градоначалникот на Кавадарци м-р Митко Јанчев денеска свика седница на Општинскиот кризен штаб на која беа координирани активностите што би се преземале по евентуалните несакани последици од најавеното очекувано невреме. Се распределија и обврските помеѓу надлежните институции. На седницата на која присуствуваа и претставници на Полициската станица од Општа надлежност Кавадарци, Регионалната противпожарната единица Кавадарци, ЈП „Комуналец“ и општината беа земени предвид сите потенцијални ризици, ресурсите кои можат да бидат мобилизирани, механизацијата која може да биде ставена во функција за расчистување и справување со евентуалните последици.

Од седницата произлегоа и низа заклучоци во правец на превентивно делување како и конкретни дејствија на надлежните кои би се реализирале по евентуалното невреме. Контактирани се и сите градежни фирми за ставање во функција на нивната механизација.

До граѓаните се апелира да не ги паркираат возилата на главните улици, за да се обезбеди простор за брза и ефикасна интервенција на надлежните. Да ги остранат возилата од под дрворедите како не би дошло до нивно оштетување. Се апелира и до жителите за време на непогодата да не се движат непотребно, да ги избегнуваат водените површини, како и да бидат подготвени за вклучување во евентуални акции.

Согласно добиените известувања од Управата за Хидрометеоролошки работи, ги информираме граѓаните на Општина Кавадарци дека од денес попладне следи дестабилизација на времето проследена со врнежи од дожд проследен со електрични празнења во форма на невреме како и засилен ветер од југоисточен правец. Оваа дестабилизација се очекува да биде поинтензивна денеска попладне и во утрешниот ден, додека во наредните денови врнежите би биле со поумерен интензитет.

Во нашата општина се очекува да наврнат од 30 до 50 литри на м2, и да дува ветер со брзина до 30 k/h. Со оглед на тоа се информираат и предупредуваат граѓаните во случај на невреме да бидат крајно внимателни да избегнуваат засолнување под стебла.

Во случај на поплави и излевање на шахти граѓаните да се обратат на дежурните телефони на општинската служба „Мој општинар“.

Надлежните продолжуваат со будно следење на состојбата.

Loading

 

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето  на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2019 година

ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2019 година

Врз основа на член 50 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на Р.М бр.5/2002 од 29.01.2002 година ), член 113 од Статутот на Општина Кавадарци ( Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ) Член 1 од Одлуката за  определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за 2019 година бр.08-1366/20 од 14.03.2019 член 3 од Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување велосипеди за 2019 бр.08-1366/19 од 14.03.2019

 

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Кавадарци за купување велосипеди за 2019 година

 

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Кавадарци, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, обезбедува повраток на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.12.2019 година.

1.2 Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 13.05.2019 година заклучно со 31.05.2019 година

1.3. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „Јавно извлекување“.

1.4. Средствата што ќе ги надоместува Општина Кавадарци се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, нето износ, по лице.

1.5. Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Кавадарци и електронски медиуми.

 

Јавен повик
Барање за велосипеди

Loading
Известување до граѓаните на територијата на општина Кавадарци

Известување до граѓаните на територијата на општина Кавадарци

Согласно добиените известувања од Управата за Хидрометеоролошки работи, ги информираме граѓаните на Општина Кавадарци дека од денес попладне следи дестабилизација на времето проследена со врнежи од дожд проследен со електрични празнења во форма на невреме како и засилен ветер од југоисточен правец. Оваа дестабилизација се очекува да биде поинтензивна денеска попладне и во утрешниот ден, додека во наредните денови врнежите би биле со поумерен интензитет.
Во нашата општина се очекува да наврнат од 30 до 50 литри на м2, и да дува ветер со брзина до 30 k/h. Со оглед на тоа се информираат и предупредуваат граѓаните да бидат крајно внимателни и во случај на невреме да избегнуваат засолнување под стебла.
Во случај на поплави и излевање на шахти граѓаните да се обратат на дежурните телефони на Мој општинар.

Општина Кавадарци започна со фарбање и крпење на објекти во централното градско подрачје

Општина Кавадарци започна со фарбање и крпење на објекти во централното градско подрачје

Почитувани,

Ве известуваме дека во наредниот период Општина Кавадарци започнува со активности за фарбање и крпење на објекти во централното градско подрачје кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.

Започнувајќи од Домот на културата “Иван Мазов – Климе” потоа ќе се извршуваат активности на зградите на ул.7-ми Септември бр.51, ул.7-ми Септември бр.53, ул.7-ми Септември бр.13, ул. Браќа Хаџи Тефови бр.2, ул.Благој Крстиќ бр.1 ул.Фердо Росомански бр.2 (источна фасада), ул.Тиквешко Востание бр.2, ул.Илинденска бр.11 (Халк Банка), ул.Илинденска – Водостопанство Тиквеш, ул.Илинденска бр.32 (стара Палма), ул.Илинденска бр.67 (Тутунска банка), Општинска зграда (заден дел). При извршувањето на активностите, ќе бидат спроведени неопходните мерки на препазливост за заштита на граѓаните.

 

Loading

.

Оштетени металните столбови на булевар „Македонија“

Оштетени металните столбови на булевар „Македонија“

Ова е фотографија од булевар “Македонија” каде пред извесен период се интервенираше со градежни активности за да се запре со непрописно паркираните возила, да се подобри безбедноста на децата кои се движат по оваа улица додека посетуваат училиште и за безбедноста на сите нас. ЈП Комуналец секојдневно ја одржуваат хигиената како што може да се забележи од фотографијата. Но она што се случило во текот на вечерта, намерното рушење на металните столбови ја уништува целата фотографија и им ја скратува пред се желбата на нашите деца да можат слободно и безбедно да се движат. Нема објаснување за ваквиот вандализам.