Категорија: Актуелни информации

Општина Кавадарци ги информира граѓаните на ден 20.04.2019 (сабота) ќе изврши Терестичка ларвицидна дезинсекција

Општина Кавадарци ги информира граѓаните на ден 20.04.2019 (сабота) ќе изврши Терестичка ларвицидна дезинсекција

Општина Кавадарци ги информира граѓаните дека согласно програмата за дезинсекција, на ден 20.04.2019 (сабота) во раните утрински часови од 02:00 часот до 06:00 часот ќе изврши Терестичка ларвицидна дезинсекција.
Третирањето ќе биде извршено од земја со специјални машини наменети за таа намена со примена на препарат „BIOPREN 4GR“.

Со пролетната акција за запрашување против комарци ќе бидат опфатени следните улици и локации:
• Булевари: „Македонија“, „Никола Минчев“, „Моша Пијаде“, „Западен Булевар“, „Цветан Димов“, „Видео Смилевски“, како и трите кружни текови.
• Улици: „Страшо Пинџур“, „Тиквешко востание“, „Илинденска“, „Гоце Делчев“, „Пионерска“, „Народен Фронт“, „Ресавска“, „Вишешница“, Мито Хаџи Василев-Јасмин“, „7ми Септември“, „Пано Мударов“, „Димката Ан гелов-Габерот, „Ќиро Крстев“, „Браќа Џунови“ и „Шишка“.
• Локалитети: Брана Моклиште, Градски Парк и Парк на Револуцијата-Полиција.
Третирањето ќе биде донација и ќе го изврши фирмата ЛИСА – КОМ МС дооел од Кавадарци.

 

4 Нови Бисти во паркот на револуцијата

4 Нови Бисти во паркот на револуцијата

Општината Кавадарци во Паркот на револуцијата – алеа на борците, постави нови бисти на првоборци од НОБ.

Станува збор за 4 целосно нови бронзени бисти од кои две на народните херои: Киро Крстев и Блажо Тодоровски-Чичето, и две на првоборците Лазо Мицев-Рале и Данчо Поп-Атанасов.

Бистите се дело на академскиот вајар Кирил Мукаетов од Кавадарци.

Со овој проект општината заокружи една фаза од оформувањето на Паркот на револуцијата, особено во делот на алеата на борците од НОБ каде се поставени бистите на поголем дел од најзначајните првоборци од Кавадарци и Тиквешијата. Бистите кои претходно беа поставени на повеќе локации во градот честопати беа мета на крадци и „вандали“ кои ги крадеа и унштуваа.

Loading
ЗАВРШНИ РАБОТИ НА ХОРТИКУЛТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД ПЛОШТАДОТ

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА ХОРТИКУЛТУРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД ПЛОШТАДОТ

Реконструкцијата на дел од градскиот плоштад влегува во завршна фаза. Ангажираната оператива деновиве со плодна земја ја исполни последната жардинера која се наоѓа на местото каде претходно беше фонтаната и малата отворена сцена. На оваа локација претходно се изведоа градежни работи за декорирање со гранит (буња), како и гранитни плочки на партерот. Поставена и соодветна инсталација за полевање на зелените површини.

Сега ќе уследи садење на соодветни декоративни дрва и жбунести растенија, аќе биде посеана и трева. На оваа локација ќе се постави и соодветна урбана опрема, по што овој дел од плоштадот пред хотелот ќе се претвори во урбанизирано и пријатно место за одмор на граѓаните.

Loading
ПРЕПОРАКИ ОД СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ЗА ЗГОЛЕМЕНОТО АЕРОЗАГАДУВАЊЕ

ПРЕПОРАКИ ОД СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА КАВАДАРЦИ ЗА ЗГОЛЕМЕНОТО АЕРОЗАГАДУВАЊЕ

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ” бр.5/2002), член 132 став 2 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл.весник на Општина Кавадарци” бр.8/05), расправајки по Извештај за аерозагадувањето во општина Кавадарци по Заклучок бр.08-805/26 донесен од Совет на Општина Кавадарци на седницата одржана на ден 19.02.2019 година,  Советот на Општина Кавадарци на седницата  одржана на ден  14.03.2019  година,  донесе

 

З  А  К  Л  У  Ч  О  К

за усвојување на Извештај

за аерозагадувањето во општина Кавадарци

 

  1. СЕ УСВОЈУВА Извештајот за аерозагадувањето во општина Кавадарци по Заклучок бр.08-805/26 донесен од Совет на Општина Кавадарци на седницата одржана на ден 19.02.2019 година.
  2. Советот на Општина Кавадарци препорачува:
  • Со цел континуирано следење на состојбата со загаденоста на амбиенталниот воздух во Општина Кавадарци, при енормни загадувања покрај службите за животна средина од општината на терен да бидат вклучени и еколошките друштва на територијата на Општина Кавадарци;
  • Општина Кавадарци стратешки да превзема активности за зголемување на свеста кај граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух со интензивирање на организирани  кампањи преку печатените и електронските медиуми;
  • Општина Кавадарци да се грижи за озеленување на што поголем број на повеке површини во град Кавадарци;
  • Во насока на намалување на загадувањето на воздухот да се апелира до   граѓаните за замена на грејните тела  со јаглен и дрва,  со енергетски ефикасни грејни тела;
  • Да се воведе посебен режим на сообракајот во Општина Кавадарци особено во деновите кога показателите од мерните станици покажуваат енормно загадување на воздухот, со овозможување на граѓаните во тие денови да користат бесплатен градски превоз.

 

  •   Заклучокот влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во ,,Службен Гласник на Општина Кавадарци”.

СОВЕТ  НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

                                                                 Претседател,

                                                           Ристо Сакалиев

 ЈП Паркинг Кавадарци со известување до граѓаните на Општина Кавадарци

 ЈП Паркинг Кавадарци со известување до граѓаните на Општина Кавадарци

                                ЈП Паркинг Кавадарци- Кавадарци

Се известуваат жителите на Општина Кавадарци дека од понеделник 25.03.2019 година се пушта во функција “пајак“ возилото на ЈП Паркинг- Кавадарци.

Ќе се интервенира на хаварисаните возила и ќе се врши транспорт до депото на Северен булевар.

Исто така ќе се интервенира и на непрописно паркираните возила и возила паркирани во зелени површини.

Се апелира до граѓаните прописно да ги паркираат своите возила на веќе обележаните паркинг места.

Оваа одлука важи се до започнувањето  со работа на Зонско паркирање во склоп на  ЈП Паркинг – Кавадарци.

За непрописно паркинатите возила ќе следуваат и казни од надлежните служби – стои во известувањето од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Работно време

Подигање т.е отстранување на возила и наплатата на подигнати возила кои биле непрописно паркирани се врши Од  ДЕПО

Понеделник -Петок 07.00 до  22.00  часот

Сабота од 07-15 часот.

Ценовник

За да добиете информации во врска со ценовникот на услуги на јавните паркиралишта Паркинг Кавадарци-Кавадарци

Подигнување и пренос на возило до Депо Пајак по налог на овластено лицеУСЛУГА ЦЕНА
Подигнување и пренос на возило до Депо Пајак по налог на овластено лице 1500,00 ден
Подигнување на возило од зелена површина, по налог на комунален инспектор и пренос на возилото до Депо Пајак 1500,00 ден
Подигнување непрописно паркирано  возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува 1000,00 ден
Подигање на хаварисани волила по налог на овластено лице 500,00  ден
Лежалина на возило во депо за ден 200,00  ден

За повеќе информации обратете се на телефонскиот број ДЕПО 072 805- 820,

Службено лице 070 402-498