Категорија: Актуелни информации

ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АТМОСВЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ПЛОШТАДОТ

ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АТМОСВЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА ПЛОШТАДОТ

Општина Кавадарци преку оперативата на Јавното комунално претпријати врши реконструкција на постоечка атмосферска канализација за прифаќање на атмосферски води на дел од улицата „Тиквешко Востание“ од раскрсницата кај „Домот на културата“ во правец на „првиот триаголник“.

Вкупната должина на предвидената делница за реконструкција е L=317 метри. Но според проектот се менува со  два профили и тоа еден дел со должина од L=104 м’ ќе биде изведен со цевки со дијаметар Ф500мм, а  вториоти дел L=213 м’ со цевки со дијаметар Ф400 мм.

Предвидено е приклучување на постоечките сливници на новата атмосверска  канализациона линија.

Со овој проект општината ќе обезбеди поефикасно одводнување на центарот на градот од атмосверските води.

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА НА ОПШТИНАТА  „ЗА ЧИСТО КАВАДАРЦИ“

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА НА ОПШТИНАТА „ЗА ЧИСТО КАВАДАРЦИ“

Сувото време и поволните услови им овозможиа на Општина Кавадарци  и Јавното претпријатие „Комуналец“ да продолжат со комунално еколошката акција „За чисто Кавадарци“.

Оперативата на Јавното претпријатие работеше на расчистување на теренот на три локации во градот каде треба да се изврши хортикултурно уредување на просторот. Најголем ангажман имаше на улицата „Дисанска, каде на потег од 150 метри се расчисти запуштена површина од 350 м2. Од оваа локација која се наоѓа веднаш до северната трибина на Градскиот фудбалски стадион се отстранија 40 кубни метри, отпад, шут и земја, кои во изминатиот период беа грда слика на овој дел од градскиот парк.

механизацијата на „Комуналец“ расчисти уште два простора со вкупна површина од 900м2, од кои 600 м2 на простор меѓу спојот на улиците „Клинска“ со „Методи Џунов-Џико“, како и 300м2 на простор кај спојот на улиците „Клинска“ со „Киро Крстев“.

Во следната фаза ЈП „Комуналец“ на овие расчистени локации ќе изврши хортикултурно уредување на просторот.

НОВИ ВОЗИЛА ВО ВОЗНИОТ ПАРК НА  ЈП„КОМУНАЛЕЦ“

НОВИ ВОЗИЛА ВО ВОЗНИОТ ПАРК НА ЈП„КОМУНАЛЕЦ“

Општина Кавадарци  и Јавното претпријатие „Комуналец“ денеска промовираа нови возила во возниот парк. Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев, раководството на „Комуналец“ и раководители од општинската администрација на јавноста и беа претставени две нови возила. Се работи за камиони од брендовите „Ивеко“ „камион кипер за носење на разен материјал и други градежни зафати на ЈП Комуналец и за нова цистерна за перење на улиците- автоматизирана со бренер „Форд“.

Градоначалникот Јанчев денеска промовираше мобилна станица за производство на асфалт. Во било кој период од годината ке се произведува асфалтен материјал  за санирање на ударни дупки и други оштетувања на патиштата. Сега и старата асфалтна подлога ќе може да се рецилира и со додавање на потребните материјали поворно да се става во функција.

Во изјавата градоначалникот истакна „За прв пат ваква мобилната база за правење на асфалт се промовира токму во Кавадарци. Таа е прва во Македнија. За еден месец машината ќе биде ставана во функција, а нам како општина преку Јјавното претпријатие ќе ни овозможи 12 месеци во секакви услови, непрекинато правење на потребните количини на асфалтна маса за крпење на ударните дупки и помали интервенции на теренот. Стариот асфалат ќе може повторно да се употребува и да се рециклира и да се прави и нов асфалт. Машината е во вредност од околу 1 милион денари. Со нејзиното ставање во функција ќе се работи далеку попродуктивно и многу поекономично“ вели градоначалникот Митко Јанчев.

ОФОРМЕНИ КОНТУРИТЕ НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА ДЕЛНИЦА ОД „ЖЕЛКОВ ДОЛ“

ОФОРМЕНИ КОНТУРИТЕ НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА ДЕЛНИЦА ОД „ЖЕЛКОВ ДОЛ“

Оперативата на фирмата „Лабино трејд-Констракшн“ од Гостивар го реализира комунално еколошкиот проект за формирање на пешачка патека.

Спојувањето на улиците  „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“ станува реалност. На овој дел од „Желков дол“ се оформува пешачка патека со покривање на коритото на долот со тампон.

Деновиве ангажираната фирма работи на шалување на пристапните скали од улицата „Страшо Пинџур“, откако претходно во бетонираното корито на долот, беа поставени две линии на пластични корогирани цевки со профил фи-600мм, како и шахта за зафаќање на атмосферските води.

Долж делницата предвидена за пешачка патека ќе бидат поставени бехатон коцки, а новоформираната пешачка патека општината ќе постави 7 канделабри од јавното улично осветлување.

РЕКОНСТРУИРАН И РЕВИТАЛИЗИРАН  ПРОТИВПОЖАРНИОТ ДОМ   

РЕКОНСТРУИРАН И РЕВИТАЛИЗИРАН ПРОТИВПОЖАРНИОТ ДОМ  

Од проектот на Општина Кавадарци за ревитализација на Противпожарниот дом, останува само уште делот за хортикултурно уредување на стопанскиот двор.

Согласно овој значаен проект општината изврши целосна реконструкција на внатрешноста, како и на фасадата на зградата на Територијалната против пожарна едница Кавадарци. Се изгради современа гаража со пет дела каде се паркираат против пожарните возила,дворот е целосно урбанизиран и поплочен и бетониран, подигната е метална ограда, а поставено е и ново јавно осветлување околу и на самиот објект.

После извршените интервенции објектот и локацијата на против пожарниот дом  се оформиа во современ урбанизиран простор, кој обезбедува оптимални услови за престој и работа на пожарникарите, како и за чување на опремата.

Општината како и општествено одговорните компании и невладини орган изации во изминатиот период за противпожарната служба донираа, оптема за пожарникарите, возила за различни интервенции, срдства за радио комуникација и други потреби за осовременување на ТПП единица.