Категорија: Актуелни информации

10 НОВИ СВЕЛЕЧКИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ  И ЕДУКАТИВНИ ЗНАЦИ

10 НОВИ СВЕЛЕЧКИ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ И ЕДУКАТИВНИ ЗНАЦИ

Општина Кавадарци релизираше нов проект за подобрување на безбедноста во сообраќајот. На повеќе клучни сообраќајни точки се поставени 10 предупредувачки светлечки сообраќајни знаци. Знаците се донација од Ротари клуб Кавадарци, „Кожувчанка“ и „Вирлиос компани“.

Станува збор за најсовремена ЛЕД технологија заснована на софтверско решение изработено од информатичарите во фирмата донатор „Вирлос компани“, која комплетно ги изработи и куќиштата на знаците со електриката и електрониката во нив.

Знаците се програмирани да известуваат за брзината на возилата по градските улици почнувајќи од максималната дозволена од 40 километри на час. Новите знаци имаат предупредувачка и воедно образовна улога. За возачите кои ги почитуваат правилата ќе се појавува смајли иконичка со насмевка, а за оние што ја пречекоруваат дозволената брзина смајлито ќе биде намрштено и гневно во зависност од тоа колку е пречекорена дозволената брзина.

Од „Вирлиос компани“ велат дека оваа технологија која во Кавадарци се применува за прв пат, дава можност за нејзино користење во најразлични намени поврзани со предупредување и информирање на учесниците во сообраќајот и граѓаните.

УРБАНИЗИРАЊЕ НА ДЕЛНИЦА ОД „ЖЕЛКОВ ДОЛ“

УРБАНИЗИРАЊЕ НА ДЕЛНИЦА ОД „ЖЕЛКОВ ДОЛ“

 

Општина Кавадарци преку оперативата на ангажираната фирма „Лабино трејд-Констракшн“ од Гостивар го реализира комунално еколошкиот проект за формирање на пешачка патека.

Согласно проектот се работи на спојување на улиците  „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“. На овој дел од долот ќе се оформи пешачка патека со покривање на коритото. Проектот опфаќа поставување на две линии на пластични корогирани цевки со профил фи-600мм, шахта како и решетка за зафаќање на атмосферските води. Освен комуналната, покривањето на оваа делница од „Желков дол“ ќе има и еколошка функција, со што ќе се спречи фрлањето на отпад во коритото на долот.

Долж новоформираната пешачка патека општината ќе постави и 7 канделабри од јавното улично осветлување, за непречено движење на пешаците во ноќните часови.

Овој проект ќе им овозможи на граѓаните значително скратување на патот, како и побезбедно движење помеѓу  улиците „4 Мај“ и „Страшо Пинџур“.

НОВ ПАРКЕТ НА ТЕРЕНОТ ВО САЛАТА „ПАРТИЗАН“

НОВ ПАРКЕТ НА ТЕРЕНОТ ВО САЛАТА „ПАРТИЗАН“

 

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за ревитализација на спортската сала „Партизан“.

Денеска се работеше на поставувањето на новиот паркет на спортскиот терен. На површина од близу 600м2 се поставува современ „таркет паркет“ со дебелина од 2 сантиметри кој веднаш е подготвен за употерба, без дополнителни интервенции со лакирање.

Паралелно се монтира и новото осветлување.

„ЗА ЧИСТО КАВАДАРЦИ“-АКЦИЈА ЗА МИЕЊЕ  НА УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ

„ЗА ЧИСТО КАВАДАРЦИ“-АКЦИЈА ЗА МИЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ГРАДОТ

Општина Кавадарци  преку службата „Мој општинар“ во кординација со ЈП „Комуналец“, од денеска започна со акција за миење на улиците и тротоарите на територијата на град Кавадарци.

Во акцијата се вклучени 3 тима кои ќе работат со расположивата механизација на ЈП Комуналец. Во наредните денови ќе ги мијат улиците и тротоарите од остратоците на ризла, како и од наносите на земја и кал на коловозната површина. Во акцијата е вклучен и трактор со приколица и работна рака која ќе ги отстранува поголемите наноси што водата нема да може да ги исчисти.

Во акцијата ќе биде вклучена и Противпожарната единица со свои цистерни како и механизација од компанијата Кожувчанка.

Акцијата „За чисто Кавадарци“ ќе ги опфати сите улици во градот, а поинтензивно ќе се одвива во деновите кога временските услови дозволуваат ваква активност.

Се апелира до граѓаните своите автомобили да ги паркираат на соодветните места се со цел акцијата да се одвива непречено.

ПРОШИРУВАЊЕ СО ПОПЛОЧУВАЊЕ НА  ВЛЕЗ ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ

ПРОШИРУВАЊЕ СО ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ВЛЕЗ ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ

Оперативата на фирмата „Градба П

ромет“ го реализираше проектот на општината, за проширување и поплочување на јужниот влез во „Здравствен дом“.

Станува збор за зафат со кој се овозможува побезбеден и побрз пристап на возилата на Брза помош од правец на улицата „Браќа Миладинови“.

Со овој проект значително се подобрува пропустната моќ на оваа сообраќајница кон улицата „Крсте Мисирков“ која минува низ дворот на старат болница.