Категорија: Актуелни информации

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ПРЕД САЛАТА „ПАРТИЗАН“

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ПРЕД САЛАТА „ПАРТИЗАН“

 

 

Проектот за реконструкција на салата „Партизан“ влегува во завршна фаза. Оперативата на фирмата „Градба промет“ ги изведува завршните работи на сегментот полпчување  пред салата.

Согласно проектот поставени се бекатон коцки на просторот каде беа отстранети диво поставените гаражи, а тој простор со патека се спои со паркингот пред старата забна амбуланта. Вкупната површина на партерното уредување пред салата „Партизан“ изнесува 400 м2.

Обновени се патеките од источната страна на салата, а на тротоарот со улицата „Методи Џунов-Џико“ се вградиа и метални столбчиња. Паралелно со партерното уредување се работи и внатре во салата, каде започна поставувањето на паркет на теренот за спортување.

Во наредната фаза ќе следи и обновување на фасадата од јужната страна на објектот.

ЗАПОЧНА 4 ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА  НА КЕЈОТ НА ЛУДА МАРА

ЗАПОЧНА 4 ФАЗА ОД ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ НА ЛУДА МАРА

Деновиве градежната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци започна со реализација на проектот за изградба на кеј шеталиште на реката Луда Мара низ селото Ваташа.

Станува збор за  четвртата фаза од изградбата на кејот. Согласно проектот треба да се изградат 770 должни метри нов кеј на потегот од  паркингот кај зградите „Силекс“ до последниот мост на регионалниот пат.

За реализација на овој проект општината ќе инвестира 20 милони денари.

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“

Општина Кавадрци реализираше зафат за проширување на улицата „Добри Даскалов“. Оперативата на донаторот „Кожувчанка“ изврши рушење на стара дотраена куќа подложна на паѓање.

Со овој зафат се постигнуваат две цели, отстранување на опасноста за учесниците во сообраќајот, како и проширување на улицата каде куќата со значителен дел од својот габарит  ја намалуваше ширината.

Општината же реализира проект за проширување на овој дел од улицата кој се наоѓа на дваесеттина метри од спојот со улицата „Тиквешко востание“ поранешна ул. „ЈНА“.

РУШЕЊЕ СТАРА КУЌА НА УЛИЦА „КУКУШКА“

РУШЕЊЕ СТАРА КУЌА НА УЛИЦА „КУКУШКА“

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за пробивање на улицата „Кукушка“. Се спроведе рушење на стар куќа подложна на паѓање, како и отстранување и расчистување на просторот.

Со овој зафат се отстранува сериозна опасност по пешаците и сообраќајот на улицата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ каде секојдневно има голема фрекфенција на возила како и пешаци, особено на учениците од гимназијата „Добри Даскалов“.

Со пробивањето, како и проширување на оваа улица за дополнителни 20 сантиметри се отвора нов пократок и директен сообраќаен пристап за жителите на оваа улица кон една од главните сообраќајници во градот.

Согласно проектото општината овде претходно изврши промена на подземната инфраструктура, а беше изграден и армирано-бетонски потпорен ѕид.

ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ

ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ

Почитувани, Граѓани на Општина Кавадарци:

Согласно  Уредбата  за  изменување  и  дополнување  на  Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот  воздух  и  прагови  на  алармирање,  (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот  на  информирање на  суспендирани  честички  со големина до 10 микрометри и врз основа на добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки  работи,  Ве информираме дека истиот е надминат на две мерни места во Кавадарци.

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10 (2 два последователни дена, со среднодневни концентрации над 100 µg/m3) како надлежни на локално ниво препорачуваме мерки за намалување на загаденоста и тоа:

  • Да се користи јавниот превоз
  • Возила да не се користат без поголема потреба
  • Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
  • Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
  • Правилно да се користат печките за дрва

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните

Препораки:

Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.