Категорија: Актуелни информации

ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ УСВОИ ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ИМИЊА НА УЛИЦИ ВО  КАВАДАРЦИ

ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ УСВОИ ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ИМИЊА НА УЛИЦИ ВО  КАВАДАРЦИ

Со ова Одлука се врши определување на имиња на 3 нови  улици во град Кавадарци и тоа:

Техничката улица број 1 се именува во улица „Ристо Миов“,  а опфаќа локација според Деталниот урбанистички план за улица „Дисанска“.

Новата одлука ги опфаќа техничките Улици бр.„1, 2, 3 и 4“,  а се протегаат од спојот на ул.„Методи Џунов Џико“ со спојот на ул. „Браќа Миладинови“, од запад према исток до градскиот парк.

Техничката улица бр.2, за дел од ДУП (Деталниот урбанистички план) Урбан блок (УБ) 18К и УБ 19 К „Бел Камен“, се определува како ул. „Лена Туриманџова“.

Ги опфаќа техничките улиците бр.„2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 и 9“, а се протегаат од УП 30.18К и КП 14001/2 од север спрема југ, до УП 44.19К и КП 19973.

Нов име добива и техничката улица бр.3, која се определува како ул. „Јанаки Илиев“, а се однесува за дел од ДУП „Бел Камен“ и УП од 1976 година. Ги опфаќа Урбанистичките парцели 28.18, 17.18, 16.18, 15.18, 3.18, 2.18 и 1.18, според ДУП „Бел Камен“. Овој опфат според Урбанистичкиот план од 1976 година се протега од КП 14001/3 КО Кавадарци 2, УП 28.18 од исток кон запад, до КП 14037 КО Кавадарци 2.

По донесувањето на Одлуката од Советот на Општина Каввадарци, истата ќе биде доставена до Државниот завод за статистика за доделување на матичен број на новоименуваните улици.

По добивањето на матичните броеви на улиците, Одлуката ќе биде доставена до Централниот регистар на РМ за да се изврши упис на податоците во електронскиот регистар.

Матичниот број што ќе го добие улицата, ќе биде евидентиран во електронската евиденција која што ја води Општината.

За извршената промена во електронската евиденција, Општината ќе ги информира граѓаните за настанатите промени преку средствата за јавно информирање, на ВЕБ страната на општината, како и на огласната табла во општината.

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ  РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА

ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА

Регионот на Тиквешијата е зафатен од силни врнежи на снег. Врнежите се особено интензивни во ридско планинскиот дел од општината. Измерената снежна покривка  е највисока во с.Мрежичко од 90 сантиметри, додека 60 сантиметри снег се измерени во подкожувјието и Бошавијата.

Службата за зимско одржување на општина Кавадарци интензивно е на терен и ги чисти локалните патни правци. Се интервенира со 1 булдужер кој го чисти патот Бојанчиште – Куманичево и 1 булдужер на патот Конопиште – Лукар со што се пробива патот се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП „Комуналец“.

2 возила од Македонија пат работат на патот Кавадарци – Мушов гроб. Додека 2 големи трактори со нож и соларка работат на патните правци Мушов гроб – Мајден и Мајден – Рожден.
Уште две возила на зимската служба на Општина Кавадарци работат на пробивање на правците кон Михајлово, Страгово, Крњево, Бохула, Бојанчиште, Граниково и Чемерско. Активна е и една фреза за фрлање на снег на местата кај што има наноси од снег.

Дежурните екипи на службата за зимско одржување се постојано на терен и подготвени да се справат со врнежите од снег, со цел локалните патни правци да бидат проодни

Апел до граѓаните кои гравитираат кон овие патни правци да возат внимателно со полна зимска опрема и без потреба да не тргуваат на пат.

НОВА УРБАНА ОПРЕМА ПОСТАВЕНА НА РЕНОВИРАНИОТ ГРАДСКИ ПЛОШТАД

Како дел од активностите на проектот за рекоснтрукција на градскиот плоштад, деновиве општината постави нова урбана опрема покрај новосоздадените зелени површини.

Се работи за дваесеттина типизирани клупи за одмор со стилизиранза жардинера за цвеќе.

Освен ова беа заменети и досегашните метални столбови покрај ивичниците кои ја оградуваа пешачката зона од делот на улицата „Илинденска“. На нивно место се поставиа кугли од украсен бетон.

Со овие детали плоштадот доби осовремен урбан изглед.

Останува да се догради делот за нова зелена површина на источната страна пред хотелот, на местото каде беше фонтаната и малиот отворен театар.

1 ГОДИНА УСПЕШЕН ПРОЕКТ „МОЈ ОПШТИНАР“

1 ГОДИНА УСПЕШЕН ПРОЕКТ „МОЈ ОПШТИНАР“

Општина Кавадарци прва во Република Македонија имплементира проект „Мој општинар“ како идеја на градоиначалникот Митко Јанчев.

Се работи за исклучително успешен, функционален и одржлив проект преку кој службеници на општината (општинари) секојдневно се на терен меѓу граѓаните во Урбаните заедници. На самото место во директни контакти  ги регистрираат и бележат проблемите, барањата и идеите на граѓаните.

Денеска одбележувајќи една година од проектот на прес конференција градоначалникот Митко Јанчев констатираше: „Резултатот од имплементацијата на еден ваков проект е повеќе од очигледен. Ангажираните 8 лица во проектот, Мој општинар директно учествуваа во реализацијат на повеќе проекти, пред се преку секојдневното излегување на терен и утврдување на фактичката состојба“.

Јанчев посочи дека „Ангажираните општинари заедно со приватните фирми донатори ги исчистија речиси сите диви депонии во општината, а акцијата „За убаво и чисто Кавадарци“ континуирано се реализира. Преку овој проект се изврши хортикултурно озеленување на над 30 000 метри квадратни. Тротоарите во централното градско подрачје се во целосна функција на пешаците со тоа што се поставија метални столбчиња. Една година жителите на општината директно контактираат со општинарите за даден реон и

на тој начин се поблиску до општината, односно до брзо решавање на проблемот“.

  Службата Мој општинар даде голем придонес и во целосното ажурирање на податоците во даночното одделени. Преку фотографии и собирање на нови податоци се направи нов систем за наплата на данокот на имот.

Мој општинар,според фактичката состојба на терен, заедно со службите ги подготвија и програмите за комунална изградба за 2019 година, како и програмите за јавна чистота и зеленило“ истакна градоначалникот.

Жалба на Јанчев е во наредната 2019 година општинарите да имаат уште поголеми успеси, а жителите на ОпштинаКавадарци да бидат уште позадоволни.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЈАВНОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Општината Кавадарци перманентно спроведува активности за одржување и унапредување на системот за Јавно улично осветлување. Деновиве на повеќе локации во градот се изведуваше доградба на системот со нови столбови, сијалични места, како и замена и репарирање на постојното јавно осветлување.

Серизно засилување на јавното осветлување се спроведе на градскиот плоштад. Два нови дрвени столба и исто толку ЛЕД светилки се вградени како надоградба на мрежата на улицата „Методи Џунов-Џико“ споредна ново пробиена улица. Интервенција имаше и на локацијата на улицата „Пионерска“ пред влезот во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ каде се вградиа три нови светилки. Зафат за  вградување на еден столб и една светилка е извршен и на спојот на улицата „Методи Џунов-Џико“ со улицата „Киро Крстев“. Со ново јавно осветливање од 9 канделабри со лед светло се дополни паркингот кај социјалните згради.

Вакви зафати ќе се извршат и на јавното осветлување на улиците: „Борис Кидрич“, „Браќа Џунови“, ,,12 Другари“, „Диме Поп-Атанасов“, „Смаилица“ и на улицата „25 Мај“. Нови линии во мрежата ќе се изградат и на улицата „Шишка“ кај комплексот нови згради пред градскиот парк.

Сите овие активности на општината се во функција на подобрување на јавното улично осветлување, а најголемиот дел се на барање на граѓаните. Со вакви активност општината на основната улична мрежа од јавното осветлување дополнително се вградени над 200 нови светлечки места.