Категорија: Актуелни информации

ГИМНАЗИЈАЛЦИ НА ТЕРЕНСКА НАСТАВА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ГИМНАЗИЈАЛЦИ НА ТЕРЕНСКА НАСТАВА ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Ученици во трета година во гимназијата „Добри Даскалов“  од Кавадарци беа во посета на Општина Кавадарци – Локална самоуправа. Во големата сала на општината го одржаа часот по методската единица „Урбанизацијата како светски процес“, во рамките на наставата од изборниот предмет географија

Домаќини им беа архитектите од одделението за урбанизам. Тие ги запозна учениците со поставеноста  и начинот на функционирање на урбанизмот и урбанизацијата во општината Кавадарци.

Во интерактивна настава со учениците дискутираа на повеќе теми и сегменти од урбанизацијата и нејзиното спроведување во пракса, посебно во градот Кавадарци.

Од учениците беа прибрани и триесеттина ливчиња со забелешки во поглед на нивната перцепција на урбаното Кавадарци, како и нивни и предлози и идеи за идниот развој на урбанизацијата на градот.

Оваа средба на гимназијалците и урбанистите се одржува четврта година поред и преминува во традиција.

На овие часови општинската администарција ги споделува своите позитивни практики со гимназијалците идни академски граѓани.

ПОСТАВЕНИ НИСКИТЕ КАНДЕЛАБРИ НА  ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

ПОСТАВЕНИ НИСКИТЕ КАНДЕЛАБРИ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Се оформува новиот лик на градскиот плоштад. Во оваа фаза од реконструкцијата се поставуваат ниските урбани светики од дополнителното јавно улично осветлување.

Според проектот треба да бидат поставени вкупно 15 нови канделабри. Секој столб носи единечна светилка од метал халоген тип со моќност од 70 W на осветлување, кое дава пријатна жолтеникава боја на светлината.

Дополнителните канделабри од јавното осветлување се поставуваат на рабовите околу новите зелени површини кои се вградиа во градскиот плоштад.

Со реализацијата на овој проект општината обезбедува помоќно и пофункционално јавно осветлување на плоштадот кое директно ќе влијаа врз побезбедното движење на пешаците, а на плоштадот му дава дополнително светло и подобар лик. 

ОГРАДУВАЊЕ НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

ОГРАДУВАЊЕ НА СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

Продолжува обновата на Спортскиот центар „Јасмин“. Оперативата на фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци работи на реализација на проектот на општината за оградување на објектот.

Според планот со метална ограда  во должина од 990 метри ќе се огради целата парцела на спортскиот центар. Оградата е висока 2 метри, а за нејзино поставување општина Кавадарци од буџетот издвои 2.500.000 денари.

Паралелно со оградувањето беше извршена и реконструкција на рушениот камен потпорен ѕид на северната страна од фудбалскиот терен. Фирмата „Метал Апостолов“ како општествено одговорна, донираше обновување на камениот потпорен ѕид.

 

ДОПОЛНИТЕЛНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА  ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

ДОПОЛНИТЕЛНО ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Општина Кавадарци во рамките на проектот за реконструкција на градскиот плоштад, преку ангажираната фирма изврши поставување на дополнително јавно осветлување.

На четири метални столбови, на висина од седум метри беа поставени вкупно пет ЛЕД светилки секоја со моќност од 100 вати. Се работи за светилки од најновата генерација кои имаат широк опсег на покривање со бела светлина.

Дополнителното јавно осветлување има за цел да го осветли делот од плоштадот помеѓу зградата на општината и семафорите кај Домот на културата и тоа од страната на улицата „Илинденска“. Овој просто досега не беше доволно осветлен, а сега со овој зафат општината ќе обезбеди дополнителна светлина за побезбедно движење на пешаците по плоштадот.. 

ЕСЕНСКА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ПОРОЈНИЦАТА „ЖУРОВ ДОЛ“

ЕСЕНСКА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ПОРОЈНИЦАТА „ЖУРОВ ДОЛ“

Есенската акција за пошумување на поројницата „Журов дол“ кај Ваташа, продолжи со денешната кампања во која покрај вработени од ЈП „Македонски шуми“ и Општина Кавадарци, учествуваа и вработените во ЈП „Комуналец“ Кавадарци.

На исклучително стрмен и ерозивен терен се садеа садници од багрем, соодветни за тој тип на почва и таков терен. Согласно пленот денеска беа засадени 1000 млади дрвца.

Акцијата е во организација на Општина Кавадарци и Македонски шуми подружница „Бор“ Кавадарци. Годинава во двете акции пролетна и оваа есенската на локацијата „Журов дол“ вкупно се засадија 11.000 багремови садници.

Покрај вработените во Општината и ЈП „Македонски шуми“ во пошумувањето учествуваа и вработени во компанијата „Дрекслмајер“ и ЈП „Комуналец“.