Категорија: Актуелни информации

ОБНОВЕНИ ФАСАДИТЕ НА ТРИ ЗГРАДИ НА  УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

ОБНОВЕНИ ФАСАДИТЕ НА ТРИ ЗГРАДИ НА УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

Општина Кавадарци во соработка со дуќанџиите и поголем дел од фирмите кои имаат деловен простор во БИД зпната на улицата „Илинденска“ реализираше проект за освежување на фасадите на три згради.

Според проектот се работеше на крпење и бојадисување на фасадите на три згради кои во пресрет на општинскиот празник 7 Септември и престојниот „Тиквешки гроздобер“ пре кавадарчани гостите од страна ќе блеснат во нов сјај.

Инаку општина Кавадарци со одлука на советото зградите на улицата „Илинденска ги прогласи како објекти од значење за општината, па врз основа на тоа таа и се грижи за нивно зачувување со автентичната архитектура.

ОБНОВЕНИ ФОНТАНИТЕ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

ОБНОВЕНИ ФОНТАНИТЕ НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

Општна Кавадарци по подолго време ја стави во функција и големата фонтана на градскиот плоштад. Со тоа трите фонтани на плоштадот работат.

На големата фонтана која беше сериозно оштетена, се изведоа неколку зафати за нејзино санирање. Истата беше префарбана со сина боја, беа отстранети искршените подводни светилки, а во функција се ставиа и млазниците кои пумпаат вода во трите деловои од фонтаната.

Претходно општината превзеде мерки за оспособување и на двете мали кружни фонтани пред општинската зграда.

Известување од ЈП Комуналец

Известување од ЈП Комуналец

Се известуваат граѓаните дека вечерва 29.08.2018 со почеток од 22 часот до 07 часот наутро, ќе се врши обележување на паркинг места на ул.Илинденска.
Се молат граѓаните најкасно до 20 часот да ги дислоцираат сите возила кои се наоѓаат на улицата се со цел непречено да се изврши обележувањето од страна на ЈП Комуналец.
Доколку не се изврши самоволно тргање на возилата од улицата ќе мораме да пристапиме со барање на сопствениците со полициска придружба односно ќе се бараат сопствениците по регистарски таблици и ќе се повикуваат да ги поместат возилата во текот на ноќните часови.

Ви благодариме за разбирањето.

ЈП Комуналец
Кавадарци

ПРОМОВИРАНИ НОВИ ВОЗИЛА ВО ЈП „КОМУНАЛЕЦ“

ПРОМОВИРАНИ НОВИ ВОЗИЛА ВО ЈП „КОМУНАЛЕЦ“

Возниот парк на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е збогатен со нов ровокопач и две нови теренски возила со приколка од марката „Дачиа“. Се работи за возила и машина кои ќе го подобрат работењето на јавното претприајтие.

Денеска на промоцијата и предавањето во функција на новите возила присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев, кој нагласи дека со ова продолжува модернизацијата на „Комуналец“ и додаде: „Ова е трета набавка од годишниот план кој го имаме за ЈП „Комуналец“ направена во делот на нова механизацција обновување на механзиацијата дополнување на дејноста на Комуналец, тука станува збор за две теренски возила со приклучна механизација приколка кои ќе служат во делот на секторите на ЈП на одржување на јавна хигиена и во делот на хидроцентралите. Набавивме и четврти скип односно мини скип кој што ќе биде во делот на водовод, за интервенции при дефекти, како и за други интервенции кои што ги има во делот на редовното работење. Оваа инвестиција како трета фаза од вкупната набавка изнесува околу 80 илјади евра. Во септември ја очекуваме и четвртата фаза завршна да ни стигнат уште две машини тоа ќе биде уште една цистерна за перење на улици и голем кипер со кран во делот на ЈП „Комуналец“, изјави градоначаникот Митко Јанчев кој денеска направи увид во набавката на возилата.

Директорот на јавното претпријатие, Ѓорѓи Поп- Ицов изјави „Не застануваме тука ,како што кажа градоначалникот очекуваме уште две нови машини со што ќе биде заокружена планираната набавка за возила значи за поефикасно и поквалитетно работење на Комуналец. Сега веќе имаме два мали ровокопачи или два мали скипа, во договор со градоначалникот е планирано да се набават и два ножа за снег така да во зимски услови кога ќе има потреба од тоа истите скипови ќе бидат пуштени да го чистат снегот по тротоарите, плоштадот и по сите други јавни површини за кои ќе биде одговорен Комуналец“, вели Ѓорѓи Поп Ицев директор на ЈП КОмуналец Кавадарци и додава дека  , едното теренско возило со приколка ќе биде наменета за потребите на малите хидро централи, а другото за потребите на водовод и канализација.

ГЕРМАНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО КОМБЕ ЗА ПРВОЗ НА ИНВАЛИДИ

ГЕРМАНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ОПШТИНАТА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО КОМБЕ ЗА ПРВОЗ НА ИНВАЛИДИ

Во посета на Кавадарци, на средба со градоначалникот м-р. Митко Јанчев, беше амбасадорот на СР Германија во Република Македонија  неговата екселенција г. Томас Герберих. Цел на посетата беше донацијата од амбасадата на Германија за општина Кавадарци на специјализираното возило за превоз на лица со инвалидност.

Во присуство на Михајло Михајлов претседател на Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ Кавадарци донацијата  ја врачи германскиот амбасадор Герберих.

Лицата со телесен инвалидитет од денеска ќе имаат можност за пристап до транспортно возило со чија помош многу посамостојно ќе ги извршуваат своите обврски. За нивните потреби, адаптираното возило ќе им биде на располагање 24 часа, со цел да ги пренесува до одредиштата каде имаат потреба.

Општината Кавадарци ќе ги поднесе сите трошоци за одржување на возилото како и за ангажирањето на возачот. Истото ќе може да се користи со претходно закажување преку телефон.

 Градоначалникот Јанчев се заблагодари за донацијата и нагласи дека ова возило е од големо значење за самостојноста при мобилност на инвалидизираните лица во општина Кавадарци.

 Амбасадорот Герберих нагласи дека комбето е обезбедено со приватна донација во амбасадата, а со истото ќе им овозможат поголема мобилност на лицата кои се ограничени во движењето.

 Михајло Михаилов од здружението „Мобилност“ се заблагодари за донацијата и рече дека ова возило е од голема потреба за сите лица кои се соочуваат со пречки во движењето.