Категорија: Актуелни информации

ПРЕПОРАКИ ОД ОПШТИНАТА ЗА НАМАЛЕНО АЕРО ЗАГАДУВАЊЕ

ПРЕПОРАКИ ОД ОПШТИНАТА ЗА НАМАЛЕНО АЕРО ЗАГАДУВАЊЕ

Општина на Кавадарци упатува  Апел со препорачани мерки за намалување на арео загадувањето. Апелот е согласно мерките на Владата на Република Македонија.

Се препорачува:

– редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветните метеоролошки услови.

Општината Кавадарци упатува апел со следните препораки до граѓаните:

–       Почесто да го користат јавниот превоз,

–       да не ги користат возилата без поголема потреба,

–       да ја рационализираат употребата на автомобили што подразбира, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време.

–       да се почитуваат законските одредби во поглед на тоа да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал.

–       Препорака до градежните фирми е да се избегнува палење на остатоци од градежниот шут на отворен простор. Истиот задолжително да се транспортира до депонијата „Мелци“.

–       Општината го задолжи инспекторот за животна средина да изврши дополнителни контроли на сите автосервиси и доколку констатира неправилности при затоплување на просториите со неедозвиолени горива да преземе соодветни мерки.

Општината ги замолува граѓаните кои ќе забележат или регистрираат  активности кои придонесуваат за дополнително загадување на воздухот и животната средина, истите да ги пријават задолжително  кај инспекторот за Животна средина во соба бр. 14 во општината Кавадарци.

Честитка од градоначалникот Александар Панов до кавадаречките матуранти

Честитка од градоначалникот Александар Панов до кавадаречките матуранти

Почитувани Матуранти,

Нека ви е честито матурирањето и со среќа зачекорувањето во полнолетството

Сега, кога влегувате во светот на возрасните, насочете го вашиот младешки потенцијал кон позитивните вредности. Пред се во личното обликување во корисен член на општеството кое заеднички го градиме.

На крстосницата од животот немојте да ги заборавите традиционалните вредности: семејството, културата и добрата воља  меѓу луѓето. Тие ве оплеменуваат и ви помагаат многу поуспешно да се справите со предизвиците на животот  во кој што зачекорувате.

Младоста е движечката сила на секое општество. Младите се нередната генерација кавадрчани, македонци, промотори на нашиот културен, економски и политички развој. Авангардата и пркосот.

Овие вредности јас Александар Панов и Локалната самоуправа целосно ги почитуваме, а тие се врвен приоритет и во работењето на општина Кавадарци.

Образованието нека ви биде цел. Бидејќи само образована младина и продуховен народ ќе можат да одговорат на барањата на новото време.

Изборот пред  кој  сте исправени е Ваш и  личен.

Појдете по патот на знаењето, бидејќи така  ќе си обезбедите моќ и подобар живот. Само добро наобразуван млад човек може многу поуспешно да се  вгради себе си во заедничката цел:  подобра Македонија и  просперитетно Кавадарци.

            Но ! секогаш имајте ја на ум девизата „Знаењето е сила,знаењто е моќ”.

            Со почит

Дипл.правник Александар Панов

градоначалник

ДЕНЕСКА ЗАПОЧНА СО РАБОТА КОМИСИЈАТА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗЕВИ

ДЕНЕСКА ЗАПОЧНА СО РАБОТА КОМИСИЈАТА ЗА ПРОЦЕНКА НА ШТЕТИ ОД ПРОЛЕТНИТЕ МРАЗЕВИ

Почнувајќи од денеска со работа започна Општинската комисија за проценка на штетите кај земјоделските култури предизвикани од пролетните мразеви.

На повикот од градоначалникот и општината, во предвидениот рок земјоделските производители доставиа 79 барања за оштетени овошни и лозови насади. Најмногу пријави 44 има од земјоделците чии површини се наоѓаат во атарот на селото Сопот. Вкупно 44 барања за увид на самото место. 22 барања се однесуваа на површини во атарот на селото Раец, а 6 барања се однесуваа за атарот на село Фариш. До Општината пристигнаа и барања за увид на оштетени насади и во атарите на селата Бегниште, Марена, Глишиќ и Шивец.

Почнувајќи од денеска Општинската Комисија во состав: Васко Керов-агроном експет-претседател, потоа Зоран Јованчев, Влатко Клинчаров и Слободан Ивановски сите членови на Советот, како и Ванчо Колевки претставник од Општината ќе бидат присутни на теренот. Тие на самото место ќе вршат проценка на штетите од пролетните мразеви на сите пријавени имоти.

Се очекува проценката да се одвива во наредните седум дена, по што комисијата ќе изготви елаборат кој потоа ќе го достави на увид и усвојување на Советот на Општина Кавадрци.

По завршувањето на оваа постапка општинатаусвоените проценки ќе ги достави до Министерството за Финансии.

КАВАДАРЦИ КО-ОРГАНИЗАТОР НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА СЕНИОРСКА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 2016

КАВАДАРЦИ КО-ОРГАНИЗАТОР НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА ЗА СЕНИОРСКА МАШКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА 2016

Општина Кавадарци, претставувана од Градоначалникот Александар Панов денеска потпиша договор со Македонската Кошаркарска Федерација претставувана од претседателот Петар Наумоски за заедничка организација на Квалификациските натпревари од Сениорската машка репрезентација за учество на Европско Првенство 2017 година. Општина Кавадарци ќе обезбеди наменски финансиски средства во износ од  994.100,00 денари, за: исплата на службени лица (судии и делегати), транспорт на екипи. Општина Кавадарци ќе ја отстапи спортската сала „ЈАСМИН“ за одигрување на натпреварите и одржување на тренинзите на Македонската сениорска репрезентација и гостинските екипи, во термини од 28 Август до 14 Септември 2016 година.

Кавадарци како град домаќин на најдобрата машка кошаркарска селекција ќе ги организира трите натпревари на домашен терен и тоа: на 31.08.3016г. средбата Македонија-Луксембург,  на 07.09.2016г. дуелот Македонија-Унгарија и на 14.09.2016 г. натпреварот Македонија-Велика Британија.

Градоначалникот Александар Панов изрази благодарност до МКФ и претседателот Петар Наумовски за довербата кон градот како организатор и домаќин на вака значаен настан. Рече дека Општината и градот ќе направат се да ја оправдаат довербата, а потенцијал за такво нешто има како во кавадаречкото стопанство, но пред се во кавадаречката публика. Тој потвди дека уште еднаш познатото кавадаречко гостопримство ќе биде потврдено на дело за три победи нас нашата најдобра машка селекција и ново учество во континуитет на Европските првенства.

Претседателот на МКФ Петар Наумовски е оптимист и очекува дека Кавадарци уште еднаш ќе биде среќен за македонската машка кошарка. Притоа тој се потсети на времето кога пред 20 години како капитен на тогашната македонска репрезентација на турнир во Кавадарци тој и неговата генерација успеаа од Европската Б дивизија да се пласираат меѓу најдобрите репрезеентации на Европа во А дивизијата. Тој успех беше вовед во сите наредни учества на македонската кошаркарска репрезентација на големите еввропски натпреварувања.

Наумовски е убеден дека и овојпат Кавадарци ќе донесе нов успех на македонската машка кошарка.

Инаку Македонската Кошаркарска Федерација преку овој договор ќе ја промовира Општина Кавадарци во град-домаќин на Квалификациските натпревари, а ќе отстапи: 3 табли и 3 обрача, 20 баскети и ЛЕД панели за кошаркарските табли за потребите на ЈП „Јасмин“ со цел успешна реализација на натпреварите.

 

Презентација на проектот „Купи куќа за млади“ денеска во општина Кавадарци

Презентација на проектот „Купи куќа за млади“ денеска во општина Кавадарци

Општина Кавадарци информира дека денес во 16:00 часот во Големата сала на Општината ќе биде извршена презентација на проектот „Купи куќа за млади“.

По тој повод се покануваат сите заинтересирани млади брачни двојки или поединци на возраст до 35 години да присуствуваат на презентацијата на овој проект на Владата на Република Македонија.

Инаку сите оние кои ќе се вклучат во оваа мерка на Владата преку проектот „Купи куќа за млади“, младите до 35 години можат да добијат до 33.000 евра субвенции – неповратни средства од Владата за купување, изградба или надградба на куќа.

Примањата треба да бидат до 900 евра за поединец или вкупен приход на брачните другари до 1300 евра. Најголем дел од популацијата во Македонија влегува во категоријата која може да се јави како баратели.

Младите можат да бираат еден од двата модела кои им се на располагање – „Субвенција на месечната рата“ или „Субвенција на учеството“.

Преку првиот модел – „Субвенција на месечна рата“ Владата во тек на 11 години отплаќа дел од ратата за кредит за куќа и тоа првите 8 години 80% од ратата (главнина и камата) и следните три години (9-та, 10-та и 11-та) 50% од ратата. Пресметките покажуваат дека граѓаните кои ќе го искористат овој модел можат да добијат и до 33.000 евра неповратни средства за купување изградба или надградба на куќа, информираат од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.