Категорија: Актуелни информации

ОДБЕЛЕЖАН „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА”

ОДБЕЛЕЖАН „ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА”

Со едночасовно исклучување на светлото низ повеќе градови, во саботата беше одбележан „Часот на планетата земја”. Од 20.30 до 21.30 во Кавадарци без јавно светло беа улиците „7 Септември“ и „Тиквешко Востание“ поранешна „ЈНА“, А општина Кавадарци, која по втор пат учествуива во одбележувањето на „Часот на планенатат Земја“ со симболично исклучување на амбиенталните светла во мрак ја остави и зградата на Локалната самоуправа, а еден час без јавно улично осветлување беше и плоштадот.

За време на едночасовниот прекин на јавното осветлување, волонтери од Црвениот крст Кавадарци на платото пред зградата на Општината запалија свеќи во форма на логото 60+ симбол на манифестацијата „Часот на планетатат Земја“.

Во одбележувањето на „Часот на планетата Земја” се вклучуваат над 170 земји, а многу градови низ светот ја поддржуваат оваа акција со симболично исклучување на осветлувањето на споменици, згради, мостови, канделабри во парковите и слично.елта на овој настан е да ја охрабри глобалната заедница за споделување можности и предизвици за создавање одржлив свет.

Џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови

Џаламарите од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови

Со џаламарско оро џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови.  Василичарските огнови од синоќа беа распламтени во Бегниште, Ресава, Дреново и село Сопот.  Таму  традиционално на празникот Василица се дава најголемо внимание.

Во селото Дреново жителите беа покрај огнот, а џаламарите ги посетуваа куќите на своите соселани. Невестата беше дарувана со пари, останатите од џаламарската дружина добиваа и други подароци, храна и пијалоци. Се верува дека вревата која ја прават со клопотарци ги брка лошите духови од селото.

Во посета на Дреново денеска беше и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. И тој ја даруваше невестата и на сите граѓани им ја честита Православна нова година.

Жителите на село Дреново раскажуваат дека џаламарската традиција во селото е присутна од дамнина. И најстарите жители паметат за овие обичаи, а помладите раскажуваат за василичарската традиција во селото.

Василичарски свечености со џаламари имаше и во селата Бегниште, Ресава и Сопот.

Василица по традиција одбележана во детската градинка Рада Поцева Кавадарци

Василица по традиција одбележана во детската градинка Рада Поцева Кавадарци

Секоја година во еден од работните објекти на градинката се пали василичарскиот оган околу кој дечињата ги пеат песните преку кој бараат од Василе да се сили здравјето, лозјето и домот. И оваа Василица најмладите од детската градинка Рада Поцева Кавадарци беа доследни и верни на традицијата. Околу оганот во дворот на работниот објект Изворче се радуваа дечињата од средната и големата група. Ги пееја песните си посакуваа убави желби. Радоста со нив и годинава ја сподели градоначалникот Александар Панов придружуван од претседателот на Советот Горица Пеливанова Вилхелм, советникот Анита Гинова Каракутова и секретарот Ќире Делов. Засладени од скромните подароци од гостите,  денеска тие повторно му се радуваа на василичарскиот оган. Дел од нив целосно препуштени на Василица на себе ги имаа и маските карактеристични за џаламарите, па ја искористија можноста трчајќи оголу оган да ги избркаат и злите духови.

Градоначалникот Александар Панов истакна дека  традицијата на детската градинка на Василица да се собираат околу огнот е вистинскиот начин од најмали нозе децата да се запознаваат со православната христијанска традиција и корените на своите родители и предтци. Општината безрезервно ја поддржува оваа традиција и начинот на воспитување на младите генерации.

За директорката на кавадаречката градинка Снежана Ганчева традициите се дел од навиките на кој децата се учат од мали нозе, а оваа установа 3 местото каде таа се почитуваат и негуваат со години. Не само за Василица градинката е верна на сите православни празници и иницијатор дечињата освен модерните методи на образование да ја следат и древната традиција на македонскиот народ, потенцира Ганчева.

 

Среќна Нова година и честит Божик – Алерксандар Панов градоначалник

Среќна Нова година и честит Божик – Алерксандар Панов градоначалник

Годината од која ги одбројуваме последните часови ќе ја паметам по две работи: просперитетна Општина во која за првпат од осамостојувањет процентото на невработени падна под триесет насто, но за жал  и по политичката криза која кај мене создаде чувство дека во мојата Македонија постојат сили кои политиката сакаат да ја упразнуваат како вулгарна и гнасна работа“, вели градоначалникот Александар Панов во своето последно обраќање до граѓаните во 2015 година.

„2015 беше година во која сите институции под надлежност на Општината работе без поголеми проблеми и потешкотии. Општината создаде дополнителни услови за нормално и кавлитетно работење на локалната самоуправа, образовните и институциите од културата. Сепак зголемениот број на вработени преку отворањето на нови работни места  во индустријата и другите дејности создаде стотици нови среќни лица на моите сограѓани. Голем дел од нив се вработиа и обезбедуваат основна егзистенција за нивните семејства. Тој факт е непобитен и несоборлив.

Но годината ќе ја помнам и по деградирачките настапи на опозицијата, која во заложништво ја држи Македонија. Се згрозувзм од фактото што одредени сили преку деструктивни методи ја роварат сопствената држава и што се не се прави да се попречува позицијата со цел опозицијата во било каква форма да стигне до позиција на власт, без притоа да се почитува легитимноста на непосредните избори и вољата на народот искажана на изборите. Мојот ангажман во политиката е заснован на девизата: Недостојни луѓе да неможат да ја приграбат власта.Сметам дека во тоа успеав пред се со мојот личен ангажман. Но сега кога гледам какви се мотиви има кај многу други политичари, пред се опозиционери, во нивната гола желба за власт по секоја цена, па макар и на штета на сопствениот народ и држава се згрозувам од газењето прку леѓови во голата желба за власт.

Перцепцијата кај народот за ова е јасна, со потезите на опозицијата ние станавме „дефинирана измеќарска држава“ благодарение на одредени амбиции на политичари. Тој однос кај народото создаде одбојност и омразеност на професијата политичар. А јас не по своја вина и желба станав дел токму од таа професија.

Но таквата слика за политиката, во која јас со мојот однос и ангажман воопшто не припаѓам, посакувам во новата 2016 година чесните политичари да ја избришеме од перцепцијата на народот.

Посакувам во април на мирни, фер и демократски избори да победи демократијата. Јасм можам да потврдам дека ВМРО-ДПМНЕ во циклуси на избори во кој јас партиципирам ниту еднаш не дошоло на власт преку наместени избори. Но можам да потврдам дека во 2004 година на незаконски начин преку фалсификувани избори СДСМ на куцан лист хартија за Листа на советници добиа мнозинство во Советото на Општината и незаконски владееа 4 години во Советот до 2009 година. Тврдам дека електоратото во Кавадарци нема доживеано такво нешто од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Но ваквата перцепција на 2015 година, кај мене неминовно се наметнува поради актуелната криза предизвикана единствено од властољубие на опозиција.

Во оваа прилика сакам да ги убедам граѓаните на Општина Кавадрци дека во наредната 2016 година, ние од локланта власт, максимално со ангажман на локалните институции, ќе се посветиме на локалните проблеми и нивното решавање преку Советот и институцијата градоначалник, на задоволство на сите граѓани во Општината.

Подобрувањето на квалитетот на живеењето во Урбаните и Месните заедници, како и подигањето на нивото на комуналната уреденост, на доградба инфраструктурата, во образованието, културата, спортот и екологијата. Тоа ќе бидат приоритетните проекти во наредната 2016 година, во која ќе го зголемиме ангажирањето за добивање на Европски и странски пари од фондовите на ЕУ од прекуграничната соработка како и на странските пари од УНДП, УСАИД и фондовите на амбасадите на развиените западни земји.

Наредната треба да биде година на поактивно ангажирање на сите полиња со крајна цел подобрување на стандардите и нивото на живеење во општината преку проекти за економски напредок и понатамошно намалување на процентото на невработеност и сиромаштија во Општина Кавафдарци.

„Кавадарци над сите, во среќна и бериќетна нова 2016 година“.

ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА НОВАТА 2016 НА ПЛОШТАДОТ

ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА НОВАТА 2016 НА ПЛОШТАДОТ

Градот е во празнично новогодишно руво. Деновиве на градскиот плоштад се одвиваа активности со кои Општината и основните училиште ја испраќаат 2015 година. Традиционално и годинава ќе има организиран дочек на градскиот плоштад. Новогодишната програма  започнува вечерва од 22:00 часот. Кавадарчани ќе ги забавуваат рекомираниот фолк интерпретатор Блажо Богев, а по него со своја програма ќе настапат поп пеачите Дани  и Влатко Лозаноски. Доаѓањето на новата година ќе биде најавено со спектакуларен огномет, а првата честитка до жителите на општината на полноќ ќе ја испрати градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.

На новогодишната забава и претходат и други културни настани,  по повод новогодишните празници. Основните училуишта од градот имаа свои получасовни настапи на градскиот плоштад во терминот од 12 до 13 часоот,  а половина час пред тоа Дедо Марз на учениците од прво до петто одделение им делеше новогодишни пакетчиња подарок од Градоначалникот и Советот на Општината Кавадарци.

Годинава општината издвои 20 илјади евра за новогодишни светлечки украси кои се поставени во центарот на градот,  долж улицата „Илинденска“ и на кружниот тек.