Категорија: Актуелни информации

Избрани најдобрите спортисти на Кавадарци за 2015 година

Избрани најдобрите спортисти на Кавадарци за 2015 година

Филип В’чков од клубот за боречки вештини „Будо“ од Кавадарци е спортист на годината за 2015 година. Почестите на изборот на спортист на годината В’чков ги обезбеди со успешните настапи на балканското првентво во кик бокс од кое се врати со сребрен медал, и деветте медали од државните првенства, од кои 6 златни, 2 сребрени и еден бронзен.

Најдобар млад спортист за 2015 година е Теодора Мицева, која успешната година ја комплетираше со шампионскиот наслов во женски дубл на меѓународниот тениски турнир „Национал Спорт Парк Опен“ во Тирана, Албанија. Најдобра екипа за изминатата година е кошаркарската академија на „Фени Индустри“, наградата за најдобар тренер сосема заслужено заврши кај Ивана Аврамова од карате клубот „Урбан Инвест“, а најдобар спортски работник е Милан Колев. Мики Виденовиќ е најдобар спортски новинар, меѓународниот тенискиот турнир „Црна Река Опен“ е прогласен за настан на годината, додека кошаркарскиот тим при гимназијата „Добри Даскалов“ е прогласен за најдобар училишен колектив. Ванче Шиков е најдобар македонски интернационалец, а посебни признанија за поддршка на кавадаречкиот спорт му беа врачени на градоначалникот Александар Панов, компанијата „Кожувчанка“ и на Петар Ангелов.

Од колективните спортови, за најдобар фудбалер беше прогласен Горан Стојановски, за најдобар ракометар Ѓорѓи Велков, а за најдобар кошаркар Милан Милков.

Наградите и признанијата на најдобрите им ги врачија кавадаречките спортски гордости Петар Ангелов и Ванче Шиков, потоа Борче Ѓорѓиев претседател на Сојузот на спортови на град Кавадарци, Ристо Сакалиев и Зоран Јованчев, советници во Советот на општина Кавадарци.

ПРОМОВИРАН КЛАСТЕРОТ ЗА ТУРИЗАМ НА ТИКВЕШКИОТ РЕГИОН

ПРОМОВИРАН КЛАСТЕРОТ ЗА ТУРИЗАМ НА ТИКВЕШКИОТ РЕГИОН

Тиквешкиот вински регион од 2007 година низ активности и мерки преку посети, размена на искуства и пласирање на своите автентични производи и автохтоност успеа да се наметне по охридскиот, како втор регион во Македонија со свој кластер за туризам.

Денеска во винаријата „Стоби“ три општини од Тиквешијата, Локалните самоуправи на Кавадарци, Неготино и Демир Капија го формираа Кластерот за туризам. Иницијативата потекна од винаниците „Тиквеш“ „Попова Кула“ и „Стоби„ но со подршка на Министерството за економија, Агенцијата за индустриски развој-сектор туризам УНИДО, Агенцијата за подршка и и промоција на туризмот, Фондацијата ЦЕНЕТ од Д.Капија, приватниот секор од овој регион и други субјекти. Се создаде овој кластер кој се очекува да го развие овој дел на Македонија и ги приближи специфичностите на Тиквешијата до туристите кои многу малку слушнале за него. Ако кажеме дека преку трите релевантни винарии поминале над 10.000 туристи, може да се заклучи колку би можеле да престојуваат и истовремнено спознаат нови исккуства кои ги има на пртосторот на Општините во Тиквешијата.

На денешната средба која се одржа во Винаријата „Стоби„ говореа Беким Хаџиу одговорен во секторот туризам во Министерствотро за економија, Ана Амбровска од УНИДО, Насер Код од Агенцијатаза промоција и подршка на туризмот, Тодор Ефремов раководител на Секторот за Локалниот еконономски развој во Општина Каваадарци и Алексдандар Ростовски од ВВ„Тиквеш„ инаку член и на Тиквешкиот виснки пат, кој истовремено одржа видео презентација за досегашниот развоен пат на кластерот до формирањетои на асоцијацијата. Тој истовремено ги подвелче и трите развиојни компоненти кои ќе бидат битни за постоењето и работењето на овој кластер.

Сите говорници денеска во Винаријата ,,Стоби“, беа едногласни дека е постината целта, да се формира овој кластер на едно подрачје во Македонија кое е специфично по производството на грозје и вино. Поаѓајќи од тука може да се најдат и бројни други форми кои ке бидат интересни за посетителите. Доброто вино и храна преку автентичните места и природни убавини, автохтоните производи,ретки места на природата и такви кои ги создал човекот, можат да бидат иунтерес на туристите кои ке дојдат овде во Тиквешијата. Важно е јавниот и приватниот секор да се обединат во заедничките напори да развојат една нова гранка која носи бенефот за трите опоштини за стопанскиот развој на овој дел на Македонија но и за државата.

Во кластерските активности ќе бидат вклучени и регионалните ловни и риболовни здруженија, хотелиери, производители. Инаку кластерите се динамични економски системи кои се стекнаа со зголемена важност во економските дебати за економски развој последниве години. Владите во светот ги сметаат кластерите како потенцијални двигатели на развојот на компаниите и иновациите. Им помагаат на компаниите да ги надминат своите индивидуални капацитети, организирајќи се во динамични производни мрежи, развивајќи стратешки релации со останатите компании и институции, подобрувајќи ги конкурентските способности базирани на економија на обем, иновации и знаење.

Еко квиз 2015

Еко квиз 2015

Денеска во организација на Општина Кавадрци, компанијата „ФЕНИ Индустри“ и Еколошкото друштво „Тисовец’ од село Возарци се одржува вториот Општински Квиз натпревар по екологија.

На учелишните натпревари кои истовремено се одржуваат во шесте општински основни училишта се натпреваруваат учениците од 5 одделение. Претходно во сите паралелки од петто одделение беа одржани одделенски натпревари на кои најдобрите тројца ученици се здобиа со правото да ја сочинуваат одделенската екипа која денеска ќе се наптреварува со цел да биде најдобра меѓу врсниците и да го претставуваа нивното училиште на Општинскиот натпревар кој ќе се одрживо втората половина на месец декември со салата на Домот на културата.

На денешните училишни натпревари ќе учествуваат вкупно 362 ученици: Најмногу во ООУ „Тошо Белков-Пепето“ 74, потоа во ООУ „Гоце Делчев“ 72 ученици, и во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ каде ќе се натпреваруваат 71 ученик. За титулата најдовро оддеелние со познавања од екологијата во ООУ „Страшо Пинџур“ ќе се натпреваруваат 64 ученици, во ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ од Кавадарци 61 ученик, а во истоименото училиште во село Ваташа ќе се борат 20 ученици. Минатата година на општинскиот Еко квиз натпрева победија учениците од Ваташа. Наградите и годинава ги обезбедија организаторите на натпреварот „ФЕНИ Индустри“ и општина Кавадарци.

Во пресрет на денот на дрвото 2015

Во пресрет на денот на дрвото 2015

Под мотото „Садиме заедно за нас“ утре во Макеоднија ќе се реализира уште една акција „Ден на дрвото“. Ќе се пошумува на повеќе локации, а денеска во пресрет на акцијата се садеа садници пред новиот храм во Кавадарци посветен на Света Петка. Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов како вовед во акцијата засади дрво „Јапонска цреша“заедно со  претставниците на фондацијата „Ден на дрвото“ ЈП „Македонски шуми-Бор“, претседателот на одборот за градба на црквата Митко Јанчев како и свештеници од МПЦ повардарска епархија- храм Кавадарци.Градоначалникот Александар Панов упати апел до сите граѓани утре да се вклучат во акцијата и да го дадат својот придонес во подигнувањето на нови шуми.

„Ние денеска ова го правиме симболично, а утре цела околина на Кавадарци ќе биде засеано со нови садници. Апел до сите граѓани да го искористат утрешниот неработен ден и да засадат барем едно дрвце. Кавадарци има 35.000 жители и ако секој засади само по едно е сосема доволно,  и тоа ако се мултиплицира со многу години ќе добиеме многу поразлична слика. Овој наш рид Љубаш некогаш бил со дабова шума, но поробуивачите на Македонија и Кавадарци  безмилосно ја сечеле и продавале во Европа. Така да таа неправда во минатото имаме обврска да ја надоместиме за сите ониешто доаѓаат после нас, бидејќи земјата ја позајмивме од нив.“ рече градоначалникот Панов.

Професорот Томе Лисичанец е одговорен за реализација на акцијата во Кавадарци. Оценува дека досега одржаните акции го даваат очекуваниот резултат.

„Во утрешниот ден ќе бидат опфатени локации кои и во минатите години беа застапени, Калница од каде се напаѓа градот со порои, околу новите хидроцентралки ќе има извесни површини за заштита на цевоводите и на централите, Тисовец над Возарци и Фени и дел од Сирково. И покрај многуте критики мислам дека успешноста на акциите  е многу голема. Младите ги подигаат тие шуми за својата иднина, а родителите за своите деца. Тие што сега подигаат шуми нема да бидат нивни уништувачи“ рече професорот Лисичанец.

Во Кавадарци утрешната акција ќе се реализира со целосна логистичка подршка од „Македонски шуми“ подружница „Бор“ Кавадарци. Според оперативниот план изготвен утре ќе се сади на следните локации: „Велова чешма“ кај селото Мрзен Ораовец, потоа на „Калница“ кај Ваташа, месноста „Тисовец“ и кај „Моклишкиот манастир, по трасата на 5 мали хидроцентрали

„Според проекцијата која е првидведена за Кавдарци ќе се пошуми површина од 50 ха. ЈП Македонски шуми со своите вработени активно ќе се вклучи во акцијата. Нешто повеќе од 200 илјади садници од различни видови ќе бидат посадени во текот на утртешниот ден“ рече претставникот на Македонски шуми.

На територијата на општина Кавадарци во акцијата треба да бидат засадени вкупно 146.000 садници  на дрва од видовите багрем, јавор, јасен и чемпрес.

Благослов за акцијата дадоа и свештениците од МПЦ.

Организирано во акцијата ќе учествуваат ученниците од средните училишта, Локалната самоуправа и граѓанството. Основните училишта на денот на дрвото ќе работат во училишните дворови додека средношколците од Гимназијата ќе садат дрва на голините на „Тисовец“, од земјоделско шумарското училиште во месноста „Калница“, каде е предвидено дрвја да садат и граѓаните кои ќе се вклучат во акцијата, додека учениците од индустриското ќе садат дрвја кај селото Мрзен Ораовец.

Вработените од Локалната самоуправа акцијата ќе ја спроведат со садење дрва на трасата од цевководот за мини хидроцентралите кај Моклишкиот манастир.

Започна новогодишното украсување

Започна новогодишното украсување

Денеска Општината Кавадарци започна со новогодишното украсување на централното градско подрачје. Освен  градскиот плоштад каде ќе се постави централна елка како, со новогодишни светилки ќе бидат украсени и  стариот кружен тек, потоа ул. „Илинденска“ во делот на БИТ зоната. Новогодишни украси ќе се постават и на ул. „Тиквешко Востание“ до првиот триаголник,  како и на ул. „Мито Хаџи Василев- Јасмин“ до спојот со ул „Пано Мударов“.  Со новогодишни светлечки украси ќе се уреди и ул „7 Септември“ до мостот кај „Јаворот“.

За оваа намена општината од оперативниот Буџет годинава одвојува 1.200.000 денари. Односно 3 пати повеќе од претходните години кога се инвестираа по 300.000 денари.

Новина е тоа што за разлика од претходните години кога Општината сама набавуваше новогодишни светлечки украси кои потоа неславно завршуваа, оваа година за првпат прку јавна набавка е одбрана фирма од која ќе се изнајмат светлечки украси. Станува збор за специјализираната фирма за вакви работи „Линк Меиа Плус“ од Скопје која има обврска до 10 декември 2015 година да ги украси наведените јавно прометни површни, а во периодот од 20 до 30 јануари 2016 година да ја острани украсната и светлосната декорација.

На овој начин Општината ќе обезбеди украсување и светлосно декорирање на централното градско подрачје и на Плоштадот во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор, а градот во свечено руво ќе ги пречека престојните новогодишни божиќни празници.