Категорија: Актуелни информации

„Т’к Так Фест“ македонски демо фестивал

„Т’к Так Фест“ македонски демо фестивал

Единствениот македонски демофестивал „Т’к Так Фест“ кој е под покровителство на Градоначалникот и Советото на општината Кавадарци, ќе се оддржи на 5 септември. „Причината за новиот датум на оддржување на фестивалот кој ја продолжува мисијата на Трајко Каров за промоција на демо бендовите е поклопувањето со традиционалната туристичко-културно уметничка манифестација Тиквешкиот гроздобер 2015“, велат од организациониот одбор на фестивалот, од каде најавуваат дека многу наскоро ќе биде објавен и финалниот лајнап за годинашното издание на кое покрај минатогодишните победници, суперталентираните Chromatic point, ќе настапат уште неколку интересни имиња од кавадаречката, но и од македонската рок сцена.

Поместувањето на датумот на оддржување на годинашното издание на „Т’к Так Фест“ ќе го пролонгира и датумот за доставување на апликациите за демо бендовите до 28 август. За потсетување, сите демо бендови кои сакаат да се вклучат во трката за Гран При наградата „Трајко Каров“ која се доделува на најдобриот тапанар и која изнесува 30.000 денари и наградите кои вклучуваат снимање во професионалните студиа на еминентни продуценти, треба да ги достават следните податоци:

– кратка биографија за бендот

– линк од демо снимки на две авторски песни поставени на приватен youtube канал. Должината на една композиција не смее да надминува повеќе од 5 минути.

– читко отчукан текст на песните со кои се аплицира на следната e-mail адреса: tk_tak_fest@yahoo.com

Во согласност со програмските определби на фестивалот, Селекторот и Селекционата комисија составена од еминентни и признати рок музичари ќе одлучат кои од пристигнатите апликации ќе бидат прифатени.

32 седница на Совет на општина Кавадарци

32 седница на Совет на општина Кавадарци

Триесет и втората редовна седница на Советот на Општина Кавадарци  ќе се одржи на ден 09.07.2015 година (Четврток), со почеток во 12,00 часот во големата сала на Советото на Општина Кавадарци.

За работа на седницата на Советото градоначалникот Александар Панов го предлага следниот

                      Д н е в е н   р е д

          Усвојување на Записник од 30-тата седница на Советот на Општина Кавадарци  одржана на ден 28.05.2015 година;

–          Усвојување на Записник од 31-тата седница на Советот на Општина Кавадарци  одржана на ден 12.06.2015 година;

 

  1. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2015 година (опожарени куќи);
  2. Предлог-Одлука за утврдување Нацрт  Детален Урбанистички План   за КП бр.11558 К.О Кавадарци;
  3. Предлог-Одлука за утврдување Нацрт  Детален Урбанистички План за УБ 24К “Западна Индустриска Зона”;
  4. Предлог-Одлука за прифакање на предлог за воспоставување на мегуопштинска соработка со Општините Кавадарци, Велес, Градско, Чашка и Росоман;
  5. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2015 година(црква во с.Ваташа);
  6. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2015 година (Арт Тен Продукција);
  7. Извештај за редовното работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти”Мито Хаџи Василев-Јасмин” Кавадарци за И тромесечие 2015 година;
  8. Одлука за давање согласност за поставување на антена бр.02-41/4 од 12.06.2015 година на Управен Одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти”Мито Хаџи Василев-Јасмин” Кавадарци;
  1. Предлог-Одлука за долгорочно задолжување на општина Кавадарци во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги(МСИП);
  2. Предлог-Одлука за  започнување на постапка за  доделување на договор за концесија за  давање на услуги на паркирање во Општина Кавадарци;
  1. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на нова урбанистичко планска документација за објекти надвор од планскиот опфат;
  2. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација со која ке се изврши промена на трасата на сообракајна инфраструктура;
  3. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Кавадарци;
  4. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за 2015 година (пин-понгарски клуб”Кавадарци” Кавадарци);
  5. Извештај за реализација на културната манифестација “Гурмански викенд, Баскерфест и Бели ноќи”;
  6. Предлог-Програма за организација на манифестацијата ‘’Тиквешки Гроздобер 2015”.

Со седницата ќе раководи Претседателот на Советот М-р Горица Пеливанова-Вилхелм.

Голема е штетата во куќите кои настрадаа во вчерашниот пожар по удар на гром

Голема е штетата во куќите кои настрадаа во вчерашниот пожар по удар на гром

Денеска интензивно се работеше на расчистување на остатоците по пожарот со цел да започнат градежни активности за санирање на штетите. Голема е штетата во куќите кои настрадаа во вчерашниот пожар по удар на гром на улицата „Питу Гули“ во Кавадарци. Целосно се оштетени покривните контрукции, а речиси не останало ништо и од покуќнината.

Опожарените куќи ги посетија министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот, Александар Панов и претседателот на регионалната стопанска комора, Митко Јанчев, кои најавија помош за семејствата со цел што побрзо да се санираат штетите и луѓето да се вратат во своите домови. Тие имаа можност да ги видат штетите со кои се соочија овие шест кавадаречки семејства.

За десет дена семејствата чии објекти настрадаа во пожарот од удар на гром во Кавадарци, ќе можат повторно да се вселат во своите објекти. Со помош на бизнис заедницата од Кавадарци ќе се санира покривната конструкција, а ќе им се донира и помош за опремување на домовите.

Ден по немилиот настан интензивно се работеше на расчистување на остатоците од пожарот. Семејствата велат дека се среќни што никој не настрада. Кажуваат дека повеќемина се наоѓале во своите домови кога удрил громот и избувнал пожарот. Исто така упатуваат благодарност за укажаната помош.

„Веќе се започнати подготвителните работи за санација од страна на бизнис заедницата, која прва притекна напомош, на чело со Митко Јанчев, претседател на регионална стопанска комора. Во четврток советот ќе донесе одлука за 50 отсто да ги покрие трошоците за кровната конструкција на оштетените објекти” рече Панов.

Од пожар по удар на гром во средата настрада три објекти во урбаната заедница „Кула“ во Кавадарци. Објектите целосно изгореа со покуќнината внатре, а за среќа никој не беше повреден во страотниот пожар.

Половина од потребната сума за санација на покривите на трите опожарени куќи ќе јка покрие Регионалната стопанска комора од Кавадарци со цел оштетените да не се обраќаат поединечно кај фирмите и бизнисмените, туку преку регионалната комора да ја добијат потребната помош. Останатата половина ќе ја обезбеди опшитната. „Набрзо очекуваме да се спроведат градежни активности со цел да се направат нови покриви на сите три куќи кои ќе бидат изградени со помош од бизнис заедницата и општината. Дополнително Минситерството за труд и социјална политика ,заедно со Центарот за социјални работи  ќе обезбеди еднократна парична помош од околу 6 илјади евра за сите домаќинства или 30.000 деанри по домаќинство,  со цел да им помогнеме да си ги досредат објектите но и за првичните нивни потреби. Со помош ќе излезе и Црвениот крст,  помош која се дели во вакви ситуации“. изјави министерот Спасов и најави дека најкасно за десет дена семејствата  ќе можат повторно да се вратат во своите домови.

Градоначалникот Александар Панов упати апел до сите граѓани и бизнисмени да донираат за да ја помогнат реконструкцијата на оштетените домови. „Бизнис заедницата  на чело со Митко Јанчев претседател на  Регионална стопанска комора  прва притрча на помош. Во наредната недела со одлука на Советот ќе биде определена парична помош од општината“ рече Панов. Градоначалникот Панов се заблагодари на бизнис секторот за помошта што ја даваат за брзо санирање на опожарените објекти.

„Беше страшно. Го слушнавме ударот на гром, а набрзо го видовме и пламенот  во куќата каде удри. Огнот се ширеше брзо и се издигаше густ чад.“ раскажуваат соседите на шесте семејства чии куќи вчера изгореа целосно по удар на гром во Кавадарци. Кога удрил громот во куќите имало и луѓе но за среќа никој не е повреден. Семејствата сеуште неможат да се соземат од шокот и не сакаат многу јавно да говорат за непогодата која ги снајде.

Пожарникарите од Кавадарци и Неготино и пожарникарската единица од „Фени“ вчера повеќе од два часа се бореа со огнената стихија која се закануваше и по околните објекти, бидејќи големиот пожар беше во густо населен дел од Кавадарци.

Удар на гром запали куќи во Кавадарци

Удар на гром запали куќи во Кавадарци

Две куќи и еден помошен објект на улицата „Питу Гули“ во Кавадарци денеска околу 13.15 часот настрадаа во пожар. Според неофицијалните информации најверојатно причина за пожарот е удар на гром во една од куќите, а веднаш потоа пламените јазици ја зафатиле и соседната куќа и помошниот објект. Густ чад над Кавадарци се издигаше скоро еден час.

Овој голем пожар  се случи во мошне густо населен дел од Кавадарци. За среќа нема настрадани во пожарот. Во локализирањето и гаснењето на пожарот учествуваа противпожарните единици од Кавадарци,Неготино и Фени индустри.

Околу 13 часот Кавадарци беше зафатено од големо невреме проследено со пороен дожд и силни грмотевици.  Веднаш по веста за големиот пожар во Кавадарци, градоначаникот Александар Панов ги прекинал службените активности во Скопје и ги посети настраданите опожарените куќи и настраданите семејства. Од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа бевме информирани дека тој ќе предложи на првата наредна седница советот да одобри финансиски средства за помош на настраданите семејсва. Градоначалникот Панов жали за оваа голема трагедија која се случи денеска во Кавадарци.

Полициксата станица од општа надлежност Кавадарци бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди

Полициксата станица од општа надлежност Кавадарци бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди

Во втората половина од минатата година на подрачјето на општините Кавадарци и Росоман, за кои е надлежна Полициксата станица од општа надлежност Кавадарци се бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди, споредено со истиот период од претходната година. Ова се наведува во информацијата за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата што беше разгледана од советот на општината.

Полицијата евидентирала 93 сообрќајни незгоди или има намалување за 19% споредено со истиот период од 2013 година. Две лица го загубиле животот, во седум сообраќајни незгоди 8 лица се здобиле со тешки телесни повреди, во 32 сообраќајки 46 лица се здобиле со лесни телесни повреди, додека 48 сообраќајни незгоди биле само со материјална штета.

Од полицијата велат дека активностите на превентивен и репресивен план веќе во второто полугодие од годината ги дале очекуваните резултати, т.е бројот на сообраќајни незгоди е намален.

„Покрај досегашните усшени резултати во работењето континуирано се спроведува и планот за превземање на превентивно репресивни мерки за возачите кои се однесуваат насилно во сообраќајкот, а ефектите ќе се согледат во натамошниот период“ велат од полицијата.

Според статистиката на кавадаречката полиција, десет сообраќајни незгоди се случиле поради брзо возење, 15 поради возење под дејство на алкохол, 18 поради недржење на страна  и правец на движење. Осум сообраќајни незгоди биле поради непочитување на првенство на минување, а 29 поради останати причини.