Категорија: Актуелни информации

ЈАВЕН КОНКУРС за делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации

ЈАВЕН КОНКУРС за делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации

Врз основа на Одлука за делегирање на надележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година бр.08-7333/25 од 24.12.2021година, член 4 од Правилникот за начинот и постапката за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година на правно лице бр.08-7333/26 од 24.12.2021 година и член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.08/05….75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

 

ЈАВЕН КОНКУРС

 За делегирање на надлележностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година на правно лице

 

Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културните манифестации предвидени во Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2022 година и тоа:

1.Културно стопанска манифестација „Св.Трифун“ , 14 Февруари

2.Културно лето го сакам Кавадарци – Јули-Август

3.Културна манифестација „Тиквешки Гроздобер“ Септември

4.Нова Година 2023 -Декември

  Read More

ОБЈАВА број  01/2022 за продажба на движни ствари и за давање во закуп на недвижна ствар

ОБЈАВА број  01/2022 за продажба на движни ствари и за давање во закуп на недвижна ствар

Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6854/7 од 03.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.03/21), Извештај за процена на вредноста на машини и опрема изработен од ДИУП „Метода Плус“ ДООЕЛ – Кавадарци, со деловоден П.бр.86/1 од 30.03.2021 година и наш деловоден бр.10-7051/2 од 03.12.2021 година, Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.186 КО Фариш во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7333/31 од 24.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.05/21), Извештај за процена на недвижен имот  изработен од ДППУ „АБЦ – Бротхер“ ДООЕЛ – Скопје, со деловоден бр.302 од 30.07.2021 година и наш деловоден бр.19-1956/14 од 04.08.2021 година Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

 

ОБЈАВА број  01/2022

за продажба на движни ствари и за давање во закуп на недвижна ствар по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на ЈП „Комуналец“ Кавадарци, согласно Одлука за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање бр.08-6854/7 од 03.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.03/21) и давање во закуп на недвижна ствар сопственост на Општина Кавадарци, која се дава во закуп согласно Одлука за давање во закуп на недвижна ствар на кп.бр.186 КО Фариш во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7333/31 од 24.12.2021 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.05/21).

Повеќе…

 

Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Јавен повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

ЈАВЕН ПОВИК

          За прибирање предлог проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита на животната средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР  од буџетот на општина Кавадарци за  2022 година.

Усогласен спрема ЛОД Методологија, усвоена од страна на советот на општина Кавадарци на седницата одржана на 12.12.2019 година.

  • Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниов линк.

Документација:

  • Aнекс 1 Предлог проект – линк.
  • Анекс 2 Предлог буџет – линк.
  • Анекс 3 Логичка рамка – линк.
  • Анекс 4 План на активности и видливост – линк.
  • Анекс 5 Формулар со административни податоци – линк.
  • Анекс 6 Формулар со финансиски податоци – линк.
  • Анекс 7 Изјава за подобност – линк.
  • Анекс 8 Изјава за двојно финансирање – линк.
  • Анекс 9 Листа за проверка – линк.
  • Анекс 10 Насоки за подносители на апликации по јавниот повик – линк.
  • Анекс 11 Правила за аплицирање – линк.
ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022 за прибирање на апликации за финансиска подршка  наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи

ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022 за прибирање на апликации за финансиска подршка наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите,  начинот и  постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на  манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци бр.08-7333/50 од 24.12.2021 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.5/21) ,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува

ЈАВЕН ПОВИК бр  1/2022

За прибирање на апликации за финансиска подршка од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022, наменети за  спортски клубови и здруженија, општински и училишни сојузи како и подршка на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци

 


  1. Се повикуваат спортски клубови и здруженија од областа на спорт регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска подршка од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022 година, да ги достават до Општина Кавадарци – Локална самоуправа во предвидениот рок.          

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Кавадарци за 2022 година, наменети за спортски клубови и здруженија од областа на спорт регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите,  начинот и  постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и подршка на  манифестации, турнири и проекти од областа на спортот од интерес на општина Кавадарци бр.08-7333/50 од 24.12.2021 година (“Сл.Гласник  на Општина Кавадарци  бр.5/21) ,

Read More

Новогодишна магија на Спортскиот центар Јасмин во Кавадарци

Новогодишна магија на Спортскиот центар Јасмин во Кавадарци

Дали некогаш сте виделе Дедо Мраз да слета со хеликоптер? Е, па кавадарчани го доживееја и тоа.

Градоначалникот покажа дека знае како на необичен начин, да им го подобри новогодишното расположение на учениците од основните општински училишта.

Денес имавме атрактивен настан за кој ќе се зборува уште долго низ Кавадарци, а и во Македонија.

Го прескокнавме вообичаеното и денес Дедо Мраз, а со него и Баба Мразица ги донесовме од Лапонија со хеликоптер, во придружба на специјалци кои се погрижија да слетаат безбедно. Им беа доделени новогодишни пакетч

иња на сите ученици од прво до петтто одделение од сите шест основни училишта во Кавадарци.

Им приредивме на учениците радост и среќа која ќе ја паметат долго. Затоа што тие се нашата иднина.

Среќна Нова 2022 година и многу здравје и успех во учењето.