Категорија: Актуелни информации

Директорот на Центарот за развој на Вардарско плански регион Градоначалникот Митко Јанчев

Директорот на Центарот за развој на Вардарско плански регион Градоначалникот Митко Јанчев

Градоначалникот Митко Јанчев имаше средба со в.д директорот на Центарот за развој на Вардарско плански регион, г-ѓа Татјана Темелковска.

Беа потпишани два договори за соработка, од кои едниот опфаќа ,,Зајакнување на капацитетот на територијалната противпожарна единица во Кавадарци преку набавка на високо професионални специјализирани возила согласно европските стандарди’’. Дел од овој договор се и општините Велес, Неготино, Свети Николе и вкупната вредност на истиот изнесува 24.600.000 денари.

Вториот договор опфаќа набавка, односно ,,Проект за инсталирање на мерни станици за смарт земјоделство во општините”. Истиот значи поставување на 18 мерни станици за електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини на територија на општина Кавадарци.

Мерните единици ќе даваат точни информации за: влажност на воздухот, сончеви денови во годината, и количество на температурни осцилации.

Вкупната вредност е 9.000.000 денари.

Отворена новата детска градинка во Кавадарци

Отворена новата детска градинка во Кавадарци

После 40 години Кавадарци денеска доби нова детска градинка. Во објектот „Сонце“ кој ќе работи во склоп на детската градинка „Рада Поцева“ ќе се згрижуваат 142 деца во седум групи. Новата градинка е изградена и опремена по современи стандарди, а чини 57.4 милиони денари.

 На свеченото отворање денеска присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, градоначалникот Митко Јанчев и директорката на градинката Цанка Добринова. Во изминативе четири години, заедно со новиот објект,  капациетот на градинката е проширен за 380 места, со тоа Кавадарци нема повеќе проблем со капацитет за  згрижување на деца во градинка.

Министерката Шахпаска изрази задоволство што децата од оваа општина добиваат можност да посетуваат градинка која е изградена согласно најсовремените стандарди и овозможува квалитетен престој за децата од предучилишна возраст.

„Децата од Кавадарци за првпат после 40 години, добиваат целосно нова детска градинка којашто целосно е финансирана од Министерството за труд и социјална политика, во склоп на Проектот за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Светска банка, во вредност од 57.4 милиони денари. Таа е изградена согласно најсовремените стандарди за енергетска ефикасност и ќе користи и обновливи извори на енергија преку системот на сончеви колектори. Изминатиот период Владата и Министерството посветено работеа на остварување на социјалната реформа која всушност значи влог во човечкиот капитал, кој е најдолгорочната и најзначајната инвестиција на секоја Влада,“рече Шахпаска.

 

Според градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев овој проект е од големо значење за општина Кавадарци, бидејќи е реализиран според високите стандарди за ран детски развој и е една од најубавите и најсовремените градинки во земјата.

„Покрај големиот бенефит за дечињата, градинката ќе овозможи нови вработувања на воспитувачи и негуватели, односно цел персонал кој ќе се грижи за дечињата и за нивниот детски развој“, истакна Јанчев.

Целосно е завршен патот од Браната ХЕЦ Тиквеш до населба Голеш и с.Шешково

Целосно е завршен патот од Браната ХЕЦ Тиквеш до населба Голеш и с.Шешково

Целосно е завршен патот од Браната ХЕЦ Тиквеш до населба Голеш и с.Шешково, кој е комплетно тампониран во должина од 8 километри.

Од утре се продолжува во с. Ќесендре, Клиново, Куманичево и Драдња.

Изведувач е фирмата Портланд ОПЦ Струмица.

Реконструкција на фасадите на станбените згради

Реконструкција на фасадите на станбените згради

Деновиве интензивно се работи на реконструкција на фасадите на станбените згради во Урбаните заедници Ќиро Крстев и Страшо Пинџур.

Фарбани и санирани се оштетените делови на зградите на улиците Ленинова, и Иво Андриќ. Во тек е реконструкција на зградата на ул. 7 Септември бр. 64, по што следуваат и останатите. А, потоа ќе се продолжи со реконструкција на фасадите и на зградите на улицата Блажо Алексов.

Изведувач е фирмата Автоматско технолошки системи ДООЕЛ Скопје, а целата инвестиција е во вредност од 5.787.428 денари.

Реконструкција на фасади на станбени згради

Реконструкција на фасади на станбени згради

Во завршна фаза е реконструкцијата на фасади на станбените згради, односно фарбање на истите и санација на оштетените делови и тоа на ул. Страшо Пинџур бр 63 во Урбаната заедница Слога, а ќе се започне и реконструкција на зградите на ул. Беласица 1,3,5 и 7.

Изведувач е фирмата Градба Промет, а вкупната инвестиција за сите чини 4.126.460 денари.