ЛОД методологија
Одлука за усвојување на ЛОД методологија – Проект за јакнење на локалната демократија
Одлука за усвојување на ЛОД методологија – Проект за јакнење на локалната демократија
Почитувани,
Во Општина Кавадарци денес почнуваат со настава 328 првачиња во 23 паралелки, вклучувајќи ги и подрачните училишта. Ние како општина непрекинато работиме на подобрување на условите во сите училишта но нашата општина. Во изминатите години се вложуваше многу во подобрување на училишните згради, вториот дом на нашите ученици. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме да ги следиме трендовите во образованието и за децата ќе обезбедуваме место кое ќе биде инспирација за нови знаења.
Новиот почеток секогаш претставува предизвик преку кој неуморно сакаме да учими за нешто ново, нешто непознато.
Денес започнува уште една учебна година. Верувам , дека денес сите ученици се возбудени и нестрпливо го очекуваат запознавањето со новата учебна година. Ова е почеток на ново скалило во животот на нашите најмили.
Најголем предизвик пред себе имаат првачиња со почетокот на нивниот нов начин на живеење. Пред вас, драги првачиња е еден непресушен извор на знаење од кој треба непрекинато да учите и да се надградувате. Во оваа учебна година ќе се запознаете со многу нови работи, ќе ги запознаете буквите и бројките. Пред вас е година во која ќе ги научите основите за градење на големи успеси.
Сакам да им посакам среќа и на оние кои се столбот на писменоста на нашите деца. Драги просветни работници, ви посакувам уште една година која ќе биде богата со успех кој вие го пренесувате на нашите деца. Посакувам да имате успешна година која на крајот ќе покаже резултат со многу одлични и примерни ученици. Вие сте вторите родители на нашите деца, верувам дека за вашета посветеност тие ќе ви возвратат со големи успеси и многу знаење.
Среќно ученици, Среќно првачиња.
Ви благодарам,„-
се вели во обраќањето на Градоначалникот Митко Јанчев по повод почетокот на учебната 2019/ 2020 година.
Претседателот на КФМ -Перо Антиќ, и спортскиот директор на КФМ Тодор Гечевски, ги доделија наградите за најдобрите кошаркарски екипи.
Во Кошаркарските натпревари учествуваа 9 екипи. Поради дождот финалните натпревари се играа во СС Јасмин, каде посетата беше одлична. Претседателот и спорскиот дирекотор на КФМ-Перо Антиќ и Тодор Гечевски-кои ги доделија наградите за најдобрите поединци и екипи во кошаркарака конкуренција, изјавија дека дека КФМ ке ја поодржува кошарката и развојот на овој спорт меѓу младите во државата,
Најдобри во машка конкуренција
1-КГЈ-Прилеп
2-Лејкерски
3-Мајами
4.Рома
Женска конкуренција;
1.Спортисимо
2-Про Баскет
Главен организатор е Општиина Кавадарци.
Музичко забавните содржи продолжуваат ,вечева во петок и сабота.
Во селото Марена денеска беше предадена во употреба новата детска градинка која се наоѓа во кругот на реновиреното подрачно основно училиште.
Објект во работа го предадоа: градоначалникот Митко Јанчев министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска и Цанка Дибринова директорка на ОДУ градинка „Рада Поцева“,
Градинката ја изгради Локалната самоуправа Кавадарци а целосно ја опреми Министерството за труд и социјална политика во рамките на проектот и руралните средини да добијат детски градинки на Министерството за труд и социјална политика.
Објектот детска градинка „Петар Пан“ е со капацитет за грижување на 25 до 30 деца од селото. Градоначаникот Митко Јанчев, при обраќањето денеска, најави дека во тек се градежните работи на доградба на нови занимални со проширување на постојните објекти, со што ќе се зголеми можноста од опфат на нови деца. Инаку во градот има потреба од изградба на нова градинка, која Кавадарци ќе ја добие во наредниот период.
На свеченоста во селото Марена свој настап имаа и деца кои престојуваат во градинката „Рада Поцева“.
Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за ревитализација на спортската сала „Партизан“.
Денеска се работеше на поставувањето на новиот паркет на спортскиот терен. На површина од близу 600м2 се поставува современ „таркет паркет“ со дебелина од 2 сантиметри кој веднаш е подготвен за употерба, без дополнителни интервенции со лакирање.
Паралелно се монтира и новото осветлување.