Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ВАДЕЊЕ НА ГРАНИТНА КОЦКА ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

ВАДЕЊЕ НА ГРАНИТНА КОЦКА ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

Општината Кавадарци продолжува со интензивната комунална изградба. Согласно програмата, оперативата на фирмата „Градба промет“ започна со отстранување на гранитната коцка на улицата „Доне Попов“.

Според проектот општината треба да изврши реконструкција на површина од околу 1500м2.

Откако ќе биде извадена старат гранитна коцка овој дел од улицата ќе се асфалтира.

 

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ СО НОВ АСФАЛТ

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ СО НОВ АСФАЛТ

Општина Кавадарци преку оперативата на фирмата „Изолација“ поставува нов слој асфалт на улицата „Шишка“ на делница во должина од 400 метри. Санацијата на оштетениот асфалт на оваа значајна регионална улица се одвива на потегот од раскрсницата кај ДТВ „Партизан“ до пешачкиот мост кај Основен суд Кавадарци.

Асфалтирањето се изведува на површина од 1440м2, каде претходно беа отстранети најголемите оштетувања. Таму сега се поставува нов слој асфалт.

Со овој проек општината обезбедува пододри и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот.

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ ПОДГОТВЕН ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ШИШКА“ ПОДГОТВЕН ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Општина Кавадарци продолжува со реализација на програмата за комунална изградба. Ангажираната оператива изврши гребење на ошететниот асфалт на делница во должина од 400 метри.

На почетокот од идната недела треба да се изврши асфалтирање со што наместото на отстранетата површина од 1440м2 ќе се постави нов слој асфалт. Овојпат санацијата на оштетениот асфалт на оваа значајна регионална улица се одвива на потегот од раскрсницата кај ДТВ „Партизан“ до пешачкиот мост кај Основен суд Кавадарци.

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

Вработените од организационата единица „Паркови и зеленило“ при ЈП „Комуналец“ извршија кастрење на оштетените  и исушенте гранки од дрворедот на улицата „7 Септември“.

Беа третирани дрвјата на тротоарот од страната на „Паркот на Револуцијата“ и тоа на потегот од спојот со улицата „ 1-ви Мај“ до спојот со улицата „Браќа Џунови“. Во акцијата помогна и фирмата „ЕЛ-БОХ“ која обезбеди специјализирано возило корпа.

По извршеното кастрење овој дел од троторат е побезбеден за пешаците.