Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПОПЛОЧЕНА УЛИЦА ВО СЕЛОТО БЕГНИШТЕ

ПОПЛОЧЕНА УЛИЦА ВО СЕЛОТО БЕГНИШТЕ

Општината Кавадарци ја реализира програмата и за изградба на улици во селата. Фирмата „Павер трејд“ со својата механизација и работна рака деновиве реализираше проект од комуналната изградба во селото Бегниште.

Се работи за поплочување на улица во селото каде согласно програмата во оваа фаза општината вкупно инвестира 200.000 денари за поставување павер елементи на површина од 160 квадратни метри.

Изградбата на улиците е во согласност со барањата на ѓителите на Бегниште искажани на непосредните средби со градоначалникот и потоа вградени во Програмата за комуналчна изградба.

АСВАЛТИРЊЕ НА ПРОБИЕНАТА УЛИЦА  „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

АСВАЛТИРЊЕ НА ПРОБИЕНАТА УЛИЦА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“

Оперативата на фирмата „Изолација“ ја реализираше завршната фаза со асфалтирање на крак од улицата „Орце Николов“ како дел од проектот  за дооформување со пробивање.

На оваа позиција на трасата во должина од 160 метри, градежната оператива на фирмата „Инвест груп“ во првта фаза ги изведе земјените работи на пробивање на спојот на креакот со главниот коловоз на истоимената улица. Широчината на пробиениот крак изнесува 5,5 метри, каде во првата фаза беше извршено тампонирање и поставување на рабниците од двете страни на улицата.

Се работи за проект согласно Деталниот урбанистички план за дооформување на оваа комуникација.

ОБНОВЕНА БОЈАТА НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

ОБНОВЕНА БОЈАТА НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

Општина Кавадарци реализираше проект за обновување на клупите на градскиот плоштад.

Се обнови фарбата на дрвените делови како на подвижните така и на фиксните клупи во склоп на жардинерите. Од изградбата на новиот плоштад ова е прва посериозна интервенција на дел од урбаната опрема која граѓаните најинтензивно ја користат особено во вечерните часови кога плоштадот „врие“ од народ.

После новата павер ограда на Јаворот кај седумкатницата, потоа префарбувањето на канделабрите од јавното осветлување, како и претходното оспособување на кружните фонтани пред зградата, општинта со ревитализацијата на клупите ги подобри условите за одмор на граѓаните кои преферираат за таа намена да го користат градскиот плоштад.

Инаку ЈП „Комуналец“ редовно го одржува и обновува украсното зеленило во жардинерите на плоштадот.

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

ПРЕРЕДУВАЊЕ НА БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

Комуналната изградба во општината Кавадарци  се одвива непречено. Оперативата на фирмата „АС Машини“ деновиве работи на прередување на павер елементите на улицата „Клинска“ во населбата „Брушан маало“.

Согласно програмата се работи на прередување на површина од 330м2 од улицата.

Општината за оваа намена има предвидено сума од 300.000 денари,. Парите се обезбедени од буџетот, сметка за комуна изградба.

ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ПАРКИНГ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ПАРКИНГ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ започна со изведување на градежните работи на проширување на тротоарот на улицата „Бел Камен“.

Според проектот општината Кавадарци на ова место ќе изгради паркинг кој треба да го реши проблемот со паркирање на возилата на жителите од трите колективни станбени објекти.

Најпрвин ќе се изврши подѕидување со бетонски блок на ниво на тротоарот кој ќе служи за оформување на дополнителната површина каде ќе се постават бехатон плочки за проширување и создавање на нова паркинг површина.

Овој проект општината ќе го финансира со 153.161 денар, а парите се од буџетото, сметка за комунална изградба.