ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ КАЈ ВАТАШКИТЕ ГРОБИШТА
На барање на месната заедница од село Ваташа, општината реализира нов проект од комуналната изградба. Се работи за изведување на градежни работи за проширување на дел од улицата „Перо Видев“ во Ваташа која минува на северната страна од гробиштата.
Бидејќи станува збор за земјен пат кој потоа продолжува како полски пат, во реализацијата на оваа цел е вклучен багерот на ЈП „Комуналец“ од Кавадарци.
Се санира и проширува делница од 300 метри која започнува од влезот кај новата црква, а потоа продолжува кон лозовите насади на Ваташки рид.
Со овој проект општината ќе ги санира оштетувањата на патот кој жителите го користат како пристап до вечните почивалишта на нивните блиски, како и пат до нивните имоти во овој дел на Ваташкото виногорие.