Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РАСЧИСТУВАЊЕ ВО СЕЛОТО СОПОТ

РАСЧИСТУВАЊЕ ВО СЕЛОТО СОПОТ

Општината Кавадарци, Јавното претпријатие „Комуналец“ и фирмата донатор „Ја-Ми“ од Кавадарци ја започнаа акцијата за расчистување и разубавување на селото Сопот.

На терен работи механизација  од два „скипа“, два трактори, специјализирана машина за косење на трева, три цистерни и работна рака. Најпрвин се врши расчистување на наносите од земја, како и отстранување и кастрење на обраснатата вегетација и трева покрај селските улици.

Потоа се пристапува кон отстранување и депонирање на наносите од земја,  па кон миење на коловозните површини на главните улици во селото.

Акцијата за разубавување на село Сопот е покрената на иницијатива на граѓаните после посетата на градоначалникот Митко Јанчев која се случи изминатиот викенд во саботата, а ќе се спроведува во наредните денови.

Откако ќе заврши акцијата ќе продолжи во селата Марена и Глишиќ.

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ЈОВАН ПЛАНИНСКИ“

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ЈОВАН ПЛАНИНСКИ“

Реконструирана уштре една витална улица во Урбаната заедница „Задругар. Механизацијата на фирмата „Изолација“ од Скопје постави нова асфалтна маса во должина од околу 300 метри на улицата „Јован Планински“.

Реконструкцијата на оваа улица е дел од втората кампања за ревитализација на неколку улици во градот.

Работите стартуваа со гребењето на старата и дотраена асфалтна подлога при што беа отстранети 1.700м2 оштетен асфалт.

Општината за овој проект издвои 1.813.000 денари, а парите се обезбедени од сметката за комунална изградба од од буџетот.

ОБНОВЕНА УРБАНАТА ОПРЕМА ВО  ГРАДСКИОТ ПАРК

ОБНОВЕНА УРБАНАТА ОПРЕМА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Општината Кавадарци и ЈП „Комуналец“ спроведоа акција за обновување на урбаната опрема во градскиот парк „Љупчо Шкартов“.

Со проектот беа ошфатени сите оштетени клупи и канти за смет кој се наоѓаат по патеките во паркот.

Целосно се обновени дрвенит делови на клупите, кои сега се ставени во функција на граѓаните за одмор и рекреација.

АСФАЛТИРАНА НОВА УЛИЦА ВО  СЕЛОТО МАРЕНА

АСФАЛТИРАНА НОВА УЛИЦА ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општината Кавадарци го реализираше комуналниот проект за изградба на улица во селото Марена. Оперативата на фирмата „Изолација“ ја асфалтираше новата улица и ја спои со локалниот пат кон село Сопот. Претходно беа изведени земјените работи, по што следеше тампонирање на вкупна површина од 525м2 од новата улицва.

Се работи за урбанизирање на земјена улица лоцирана на излезот од село Марена веднаш до локалниот асфалтен пат за селото Сопот.

Со раелизацијата на оваа улица повеќето куќи кои гравитираат во овој дел од Марена повеќе нема да се движат по пепел и кал кон своите домови.

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

Заврши поплочувањето на дел од улицата „Боро Ваташки“ зад црквата во село Ваташа. Градежните работи ги изведе оперативата на фирмата „Ас Машини“ од Кавадарци.

Станува збор за проект на општината Кавадарци, реализиран на барање на жителите од овој дел, со кој се полочиа дополнителни 200м2 од оваа улица.

Општината за оваа намена издвои 618.084 денари, а парите се обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.