Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

НОВ АСФАЛТ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР- КАПЕЛА-СТАРА БЕНЗИНСКА

НОВ АСФАЛТ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР- КАПЕЛА-СТАРА БЕНЗИНСКА

Оперативата на Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ веќе трет ден работи на подготовкаа и поставување на нов слој асфалтна подлога на делница од „Западен булевар“ односно на западниот влез во Кавадарци, од правецот на Прилеп. Една од нај фрекфентните, но и нај оштетените улици во градот, Западниот булевар, особено потегот од влезот на винаријата „Тиквеш“ до градската капела ќе добие сосема нова асфалтна обвивка. Деновиве интензивно се работи на целосна обнова на горниот слој асфалтна површина од 4.500 м2.

„Со овој зафат се заокружува целосната обнова на западниот влез во градот. Претходно во два наврати завршивме целосно асфалтирање од Југокомерц до Градската капела со што во целост е ревитализиран најоштетениот асфалт на делницата од Југокомерц до главната капија на Винарската визба „Тиквеш“ вели градоначалникот Панов кој изврши увид во асфалтирањето.

Планирано е работите да завршат во наредните два дена, со што влезот во Кавадарци од правец на Прилеп ќе се одвива по целосно обновена асфалтна подлога, на задоволство на сите учесници во сообраќајот.

НАСКОРО ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ КОН БРУШАНСКИ МОСТ

НАСКОРО ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ КОН БРУШАНСКИ МОСТ

Реализација на третата фаза за изградба на кејот на реката Луда Мара е новиот проект на кој ќе се работи во Општина Кавадарци.  Локалната самоуправа претставувана од градоначалникот Александар Панов потпиша договор  со Центарот за развој на Вардарски плански регион претставуван од раководителот Марко Колев. Вредноста на проектото изнесува околу 15 милиони денари, а кавадарчани ќе добијат уште неколку стотина метри регулирано речно корито и урбанизиран градски кеј.

После потпишувањето на договорот градоначалникот Александар Панов изјави „Како единствен апликант од Варадарскиот регион беше Општина Кавадарци. Врз основа на тоа беше решено ние да добиеме финансии од Бирото за регионален развој за довршување на кејот до „Брушанскиот мост“. Тоа ќе биде третата и последна фаза во овој период. Над 5 милиони денари се пари од оперативниот буџет на локалната самоуправа, а над 9 милиони пари од Бирото за регионален развој“.

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Марко Колев за извонредна ја оцени соработката со општина Кавадарци и најави нови проекти за во следниот период. „Добрата соработка резултираше со неколку инфраструктурни проекти кои ги имплементиравме на територијата на општина Кавадарци. Вкупниот буџет за овој проект е 15 милиони денари. Со овој проект ќе бидат опфатени 355 метри од кејот на реката Луда Мара. Ќе се постави урбана опрема и осветлување. Во проектот се предвидени и два пешачки моста кои ќе бидат изградени“ информираше Колев.

Советот на Вардарски плански регион ја одржа редовната седница во Кавадарци. Градоначалниците од овој регион имаа шест точки на дневен ред.

 

ОПШТИНАТА ПЕРМАНЕНТНО ВЛОЖУВА ВО РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ПАТНАТА МРЕЖА

ОПШТИНАТА ПЕРМАНЕНТНО ВЛОЖУВА ВО РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ПАТНАТА МРЕЖА

 Општината Кавадарци и во вториот мандат на градоначалникот Александар Панов, како приоритет во Локалниот економски развој се фокусираше на реконструкција и осовременување на патната мрежа. Во корелација со Владата на Република Македонија се реализираа низа значајни проекти за ревитализација на регионалните и на локалните патишта, како во низинскиот така и во ридско планинскиот дел на Општината.

     Реконструкцијата на регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб е битен проект за ревитализација на ридско планинскиот делод општината. На 24 ноември 2013 година свечено е предаден во употреба реконструираниот и ревитализиран регионален патен правец Кавадарци-Мушов Гроб во должина од 16 километри. Со овој проект се осовремени главната сообраќајна артерија која води кон планината Кожув, каде се наоѓаат значајни стопански и туристички капацитети.

    На оваа патна делница се надоврзуваат локалните патни правци кон селата од Бошавијата. Реконструкција и адаптација на локален пат од м.в. Ладно Долче до с.Страгово. Во  првата фаза беше извршена  реконструкција во должина од  5,35 км,  со зголемена широчината на 5,50 м, направени се и  банкини.

Во втората фаза се продолжи во насока од с.Страгово до с.Крњево. Со реализацијата на овој проект стариот пат се прошири по цела должина со што се доби коловозна конструкција од 5,5 метри широчина и целосна патна инфраструктура.

Ревитализацијата на локалниот пат с.Бохула-с.Крњево претставува заокружување на проектото за реконструкција на локалната патна мрежа од регионалниот пат на Витачево кон селата Страгов, Крњево, Чемерско и Бохула.

Со реализацијата на овој проект постојниот пат се прошири по цела должина со што се доби коловозна конструкција од 5,5 метри широчина и целосна пропратна патна инфраструктура.

Реконструкцијата на локалниот пат од Кавадарци кон селата Ресава и Бегниште кој се протега по десниот брег на езерорто Тиквеш беше приоритет од патната инфраструктура кој се спроведе во две фази. Во 1 фаза беше извршено проширувањето и реконструкцијата на локалниот пат Кавадарци-Ресава со нов слој асфалт во должина од 6 километри и ширина на коловозната лента од 5,5 метри. Проектот беше во целосна реализација на Владата  со кредит од Светската банка во износ од 960.000 евра.

Во 2 фаза се изврши реконструкција и проширување на патот кој ги спојува селата Ресава и Бегниште. 37,5 милиони денари чини оваа инвестицвија со која се асфалтирани 4,4 километри во должина, а патот е проширен од  3,5 на 5,5 метри. Ова ќе го зголеми економскиот развој на селата Ресава, Бегниште, а ќе создаде услови за ревитализација на селото Дабниште. Посебно значење патото има за развојот на туризмот и стопанството на езерото Тиквеш.

Во должина од 988 метри беше извршено проширување и асфалтирање на преостанатиот дел од патот кон селото Фариш кое сега во целост со асфалт е споено со регионалниот пат Кавадарци-Прилеп.

Општината во изминатите 4 години вложуваше и во подобрување на сообраќајницуите кои се влезови во градот. Се изгради целосно нов кружен тек на „Западен Булевар“. Современо сообраќајно решение со кое максимално се подобри безбедноста и протокот во нормалното одвивање на сообраќајот. Кружниот тек се наоѓа на регионална улица преку која се одвива интензивен сообраќај во правец Неготино-Приле, Кавадарци-Скопје и обратно.

Во три фази беа реконструирани и главните сообраќајни влезови. Се започна од првацот од Прилеп на потегот од Југокомерц до градскиот базен, потоа следуваа влезот од правец на Росоман на потегот од Дрекслмајер до спој со Северен булевар.

Реконструкција се изврши и на регионалниот пат од Неготино ,аво општината Кавадарци на делницата од с. Марена до спој со Северен Булевар (обиколница) кај Општа болница Кавадарци.