Категорија: Разно

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ КАЈ ВАТАШКИТЕ ГРОБИШТА

ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ КАЈ ВАТАШКИТЕ ГРОБИШТА

На барање на месната заедница од село Ваташа, општината реализира нов проект од комуналната изградба. Се работи за изведување на градежни работи за проширување на дел од улицата „Перо Видев“ во Ваташа која минува на северната страна од гробиштата.

Бидејќи станува збор за земјен пат кој потоа продолжува како полски пат, во реализацијата на оваа цел е вклучен багерот на ЈП „Комуналец“ од Кавадарци.

Се санира и проширува делница од 300 метри која започнува од влезот кај новата црква, а потоа продолжува кон лозовите насади на Ваташки рид.

Со овој проект општината ќе ги санира оштетувањата на патот кој жителите го користат како пристап до вечните почивалишта на нивните блиски, како и пат до нивните имоти во овој дел на Ваташкото виногорие.

РАСЧИСТУВАЊЕ ВО СЕЛОТО СОПОТ

РАСЧИСТУВАЊЕ ВО СЕЛОТО СОПОТ

Општината Кавадарци, Јавното претпријатие „Комуналец“ и фирмата донатор „Ја-Ми“ од Кавадарци ја започнаа акцијата за расчистување и разубавување на селото Сопот.

На терен работи механизација  од два „скипа“, два трактори, специјализирана машина за косење на трева, три цистерни и работна рака. Најпрвин се врши расчистување на наносите од земја, како и отстранување и кастрење на обраснатата вегетација и трева покрај селските улици.

Потоа се пристапува кон отстранување и депонирање на наносите од земја,  па кон миење на коловозните површини на главните улици во селото.

Акцијата за разубавување на село Сопот е покрената на иницијатива на граѓаните после посетата на градоначалникот Митко Јанчев која се случи изминатиот викенд во саботата, а ќе се спроведува во наредните денови.

Откако ќе заврши акцијата ќе продолжи во селата Марена и Глишиќ.

Финишира комуналната изградба за 2017 година

Финишира комуналната изградба за 2017 година

Општина  Кавадарци финишира со реализацијата на неколку проекти од Програмата за комунална изградба во 2017 година

Оперативата на фирмата „Жикол“ од Струмица, денеска работеше на поставување бекатон коцки на источниот влез во селото Брушани. Со овој проект се поплочува улица со површина од 650 м2, на потегот од спојот со асвалтот на локалниот пат Кавадарци-с.Брушани кон новоизградената црква во селото. За оваа намена беа потрошени 762.700 денари од оперативниот буџет

Оперативата на истата фирма деновиве  го заврши поплочувањето на улица во селто Ресав. од правецот на Село Дабниште кон центарот на Ресава. Се работи за поставување на павер елементи, на вкупна површина од  160 м2. Во овој проект општината инвестираше вкупно 188.000 денари.

На улицата „Народен фронт“ каде претходно се работеше на подготвување на подлогата, деновиве беше извршено поставување на павер елементи на тротоарите од двете страни на улицата.

Фирмата „Инвест груп“ од Неготино постави бекатон коцки на вкупна површина од 1 000м2. За оваа намена се потрошени 800.000 денари, обезбедени од сметката на буџетото за комунална изградба.

Општината со овој зафат овозможи по безбедно и непречено движење на пешаците на оваа фрекфентна улица.

Преку овие проекти Општина Кавадарци директно придонесува во подобрувањето на инфраструктурата во овие две села,како и во градот со што се подигаат стандардите на  живеење на граѓаните.

ПОСТАВЕНИ 23 МЕТАЛНИ СТОЛБОВИ НА ТРОТОАРОТ  ПРЕД СТАРАТА СТОКОВНА

ПОСТАВЕНИ 23 МЕТАЛНИ СТОЛБОВИ НА ТРОТОАРОТ ПРЕД СТАРАТА СТОКОВНА

Во активностите за решавање на проблемот со непрописното паркирање Општина Кавадарци постави метални столбови како физичка пречка на торотоарот пред објектот на поранешната „Стоковна куќа“.

Станува збор за 23 метални столбови со висина од 80 сантиметри кои се поставени на растојание од 1,7м, во вкупна должина од 40 метри. Со овие столбови се обезбеди пешачката патека која пред нивното поставување служеше за непрописно косо паркирање на возила.

Општината со овој зафат обезбеди значително подобрување на сообраќајот на низ главната сообраќајница ул„Илинденска“ од спојот со ул „Тиквешко востание“ до семафорот на делот од крстосницата со ул„Мито Хаџи-Василев“.

На овој простор сега има безбедно движење на пешаците, а сообраќајот по „Илинденска“ доби  пголема пропусна моќ. Вакви зафати општината најавува и на останатите сообраќајници.

 

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ  ВОЗАРЦИ-БРАНА ХЕЦ „ТИКВЕШ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦА ОД ЛОКАЛНИОТ ПАТ ВОЗАРЦИ-БРАНА ХЕЦ „ТИКВЕШ“

            Општина Кавадарци во склоп на редовната комунална изградба деновиве интензивно работи на реконструкција на делницата од локалниот пат село Возарци-брана ХЕЦ„Тиквеш“. Станува збор за зафат со кој ќе се рконструра дел во должина од 1100 метри на потегот после мостот на Црна Река во правец кон браната.

Оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ согласно проектот на оваа делница работи на коловозна лента од 5,5 метри широчина. Истата беше тампонирана и подготвена за асфалтирање. Деновиве започне поставувањето на асфалтната подлога со дебелина од 7 сантиметри на вкупна површина од 4 600м2. Новата ревитализирана делница од патот ќе има две коловозни ленти секоја со широчина од 2 метри, а од  двете страни се поставени банкини со широчина од по 75 сантиметри.

            За оваа намена Општината ќе потроши 4.000.000 денари. Парите се обезбедени Согласно договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската Комисија помеѓу Маѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија претставувана од Министерството за фуинансии и Општина Кавадарци,.

            Се очекува работите целосно да завршат деновиве, по што сите кои го користат овој патен правец ќе ги почуствуваат придобивките од неговата ревитализација.

Освен за жителите на викенд населбите, ревитализацијата на овој локален пат ќе има големо значење и во развојот на алтернативниот,, планинскиот и езерскиот туризам во општината.