Категорија: Улици и тротоари

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА  „САВА КОВАЧЕВИЌ“

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „САВА КОВАЧЕВИЌ“

Општина Кавадарци во населба Глишиќ раелизира градежен проект за обновување на ул.„Сава Ковачевиќ“. Според планот треба да се изврши отстранување на стариот оштетен асфалт, а на негово место да се постави нова асфалтна подлога со дебелина од 7 сантиметри. Проектот предвидува реконструкција на улицата во должина од 300 метри каде ќе се асфалтира површина од 1200 метри квадратни.

Претходно на оваа делница се постави линија за атмосферска канализација со решетки за зафаќање на површинските води. Работите кои започнаа денес ги изведува фирмата „Градба промет“ од Кавадарци.

Општина Кавадарци започна со реализација проектот за крпење на ударни дупки

Општина Кавадарци започна со реализација проектот за крпење на ударни дупки

Општина Кавадарци започна со реализација проектот за крпење на ударни дупки со вкупна површина од 2300 метри квадратни, на повеќе улици во градот и локалните патишта.

 

ПРОШИРУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА УЛИЦАТА  „БЛАЖО АЛЕКСОВ“

ПРОШИРУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „БЛАЖО АЛЕКСОВ“

Општината Кавадарци деновиве започна со реализирање на нов комунален проект во насока на подобрување на градската инфраструктура во делот наменет за пешаците и велосипедистите.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на отстранување на стариот дотраен тротоар на делница од улицата „Блажо Алексов“. Се отстранува старата бетонска подлога во должина од 500 метри на потегот од поранечната „дистрибуција“ до социјалните згради. Механизацијата работи на подготовка на тлотo за тампонирање и поставување на павер елементи.

На наведената локација општината ќе гради пешачко велосипедска патека. По завршуваето на проектот на тој дел од улицата лоциран непосредно до кејот шеталиште ќе се оформи нов урбанизиран простор кој ќе создаде услови за побезбедно движење на пешаците и велосипедистите на една од најфрекфентните улици во старото градско јадро.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА  „ФУШТАНИ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „ФУШТАНИ“

Уличната градска мрежа од денеска добива нови урбанизирани 300 квадратни метри. Оперативата на фирмата „АС машини“ од Кавадарци изврши поплочување со павер елементи во должина од 30 метри.

Со урбанизацијата на овој скромен простор, општината реши значаен проблем на граѓаните од тој дел на градот кои повеќе нема да имаат провлеми со непречениот и безбеден пристап до своите домови.

Со оваа активност општината интервенира во заокружување на урбанизацијата на повеќе улици каде се останати неизградените  споредни делови.

Крајната цел на проектот е во Кавадарци да се урбанизираат сите недовршени делови од улиците.

Проектоt е дел од програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци во Урбаната заедница „Ваташа“.

ПОПЛОЧЕНА НОВАТА УЛИЦА „ВУКО КАРОВ“  ВО НАСЕЛБАТА „ПАРК“

ПОПЛОЧЕНА НОВАТА УЛИЦА „ВУКО КАРОВ“ ВО НАСЕЛБАТА „ПАРК“

Општина Кавадарци од денеска впишува уште една урбанизирана улица на територијата од градот.Ангажираната оператива на градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци ги поставуваше последните квадрат  павер елементи на новопробиениот крак од улицата „Вуко Каров“ во населбата „Парк“.

Според проектот на општина Кавадарци се урбанизираше нова улица во должина од 140 метри.

Проектот е дел од програмата за комунална изградба, а парите се обезбедениу од општинскиот буџет.