Градоначалникот Митко Јанчев првпат имаше работна средба со амбасадорката на Република Сојузна Германија во Македонија
Денес градоначалникот Митко Јанчев првпат имаше работна средба со амбасадорката на Република Сојузна Германија во Македонија, Н.Е Петра Дрекслер, како и претставници од амбасадата.
На средбата се разговараше на повеќе теми, како можноста за инвестирање во локалното стопанство, локалната политика, проектите кои се во тек, идните и можната соработка за реализација на овие проекти преку германската амбасада.
Меѓудругото се разговараше и за актуелните проекти кои се реализираат во Општина Кавадарци, односно грантот преку германската КФВ банка како и програмата за водовод и канализација кои моментално се реализираат со помош на истата преку Министерството за труд и социјална политика.