Категорија: Настани

Отворен советувалиштниот центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство

Отворен советувалиштниот центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со градоначалниците на Општините Неготино, Росоман и Демир Капија како и претставници од Националната мрежа против насилство врз жените и здружение за родова еднаквост ,,Визија’’ Кавадарци го отворија советувалиштниот центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство.

Ова е прв регионален советувалиштен центар поддржан од општина, во случајот поддржан од 4 општини.Главна цел на овој центар е да се подобри пристапот до специјализираниот сервис за жени и деца жртви. Советувалиштето се наоѓа на локација лесно достапна за лица со физичка попреченост и ќе го користат жени и деца жртви на семејно насилство од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман.

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со г-дин Давид Чернохорски

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со г-дин Давид Чернохорски

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со г-дин Давид Чернохорски, раководител на економско-конзуларниот оддел во Амбасадата на Република Чешка во Македонија. На средбата беа разменети искуства и беше разговарано за можна идна соработка помеѓу Општината и Чешката Амбасада, која би довела до потенцијални инвеститори од Чешка во Кавадарци.

Потпишан колективен договор помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Општината

Потпишан колективен договор помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Општината

Во просториите на Општина Кавадарци се потпиша колективен договор помеѓу Синдикатот на УПОЗ и Општината со кој ќе се унапредат правата на вработените.

На истиот беа присутни градоначалникот Митко Јанчев, претседателот и секретарот на Синдикатот на УПОЗ. Беше избран претседател, заменик претседател и членови на извршен одбор, со цел координација и заедничка соработка за остварување поголеми права на вработените.

Преку овој договор вработените во Општина Кавадарци ќе добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата, право на регрес за годишен одмор, повеќе денови за платено отсуство итн.

За првпат вработените во Општина Кавадарци потпишуваат колективен договор со кој се уредуваат нивните права, обврски и одговорности со врска со работниот однос.

 

ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ

ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ

“ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ е слоганот на кампањата за промоција на згрижување која има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во нашата држава.

Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика и локалната власт, a овозможено од Германското Министерство за економски развој и соработка.

Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубат сопственото семејство е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.  

Во наредниот период, па се до крај на годината ќе се организираат слични  настани и во други 24 градови низ Македонија, од кои во првото полугодие веќе се одржаа настани во Скопје, Валандово, Гевгелија, Велес, Штип, Битола, а ќе бидат опфатени следните градови во наредниот период –

  • Кавадарци 28ми јуни на Градски плоштад “Маршал Тито”Кавадарци со почеток од 18.30 часот

Настанот кој е од Ваш интерес е во вторник, 28.06.2022 – Кавадарци, со почеток во 18.30, а со времетраење до 19.30 часот.
На истиот свое обраќање ќе имаат Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Јованка Тренчевска, како и градоначалникот на о.Кавадарци г. Митко Јанчев. Истите се согласни да дадат и кратки изјави пред започнувањето на настанот.

Настаните првенствено се наменети за сите заинтересирани граѓани со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица граѓаните ќе можат да се информираат повеќе за згрижувањето.  Згрижувачите добиваат услуга на стручна помош и поддршка преку центри за поддршка на згрижувачки семејства, но и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, како и други бенефиции согласно потребите на децата за кои се грижат.

Истовремено по традиција,  со оглед на тоа што на 1ви јуни во нашата држава се обележува и денот на згрижувачите, се оддаде признание  за сите 353 згрижувачи за нивната  посветеност, љубов, добрина, хуманост и за значајната разлика која ја прават во животите на вкупно 527 деца и млади. “

Сите заинтересирани граѓани кои нема да имаат можност да дојдат на некој од настаните повеќе информации како да станат грижувач ќе можат да добијат на телефонскиот број 075 277 477 и веб страната www.zgrizuvanje.mk

 

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со Претседателот и претставници на Ротари клубот Кавадарци

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со Претседателот и претставници на Ротари клубот Кавадарци

Градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со Претседателот и претставници на Ротари клубот Кавадарци, во придружба на Rotary District 1912 (Ротари Дистрикт 1912) Словенија и Македонија, Гувернерот г-дин Душан Петеркович и координаторот на Сојузот на Ротари Клубови на Македонија, г-дин Сашко Целаковски. На состанокот се разговараше за досегашната соработката на РК Кавадарци и Општина Кавадарци. За следниот период се најави реализација на уште на два проекти во областа на екологијата поставување на табли со еколошки пораки како и креирање на Дендро парк Кавадарци со вредност од 300.000 денари кој ќе биде реализиран во паркот на револуцијата со целосна подршка на Ротаријанците, а ќе биде прв заеднички меѓунареден проект на збратимените Ротари Клуб МЕДАНА – ГОРИШКА, Словенија и Ротари Клуб Кавадарци.