Категорија: Огласи и соопштенија

Ранг листа на предлог проекти од граѓански организации добиени на јавниот повик

Ранг листа на предлог проекти од граѓански организации добиени на јавниот повик

Ранг листа на предлог проекти од граѓански организации добиени на јавниот повик за прибирање предлог проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита на животната средина и Грижа за животните:

Јавна Презентација и Јавна Анкета по Детален урбанистички план за  ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Јавна Презентација и Јавна Анкета по Детален урбанистички план за  ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), и член  50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ” бр.5/02), член 113, став 20 од Статутот на Општина Кавадарци, и донесената Програна за изработка на урбанистички планови во Општина Кавадарци за 2020 година, Глава I, точка 16, Градоначалникот на Општина Кавадарци го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета

По Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.4 и 6.5-дел, УЕ 10, дел од Блок 10.2 и УЕ 11, дел од Блок 11.1    ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци.

 

       Граници на планскиот опфат се :

– на север-улица Пано Мударов и Цано Поп Ристов (согласно ДУП за УЕ 12К – дел)

 – на исток улица Зелен Пазар до пресек со ул 7-ми Септември, продолжува на југ со Браќа Џунови (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

 – на југ улица Браќа Хаџи Тефови и улица Миле Вчков па свртува кон север по ул.Тиквешко востание (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

– На запад улица Фердо Росомански, па улица Климент Охридски и излегува на улица Мито Хаџи Василев Јасмин па до пресек со улица Јадранска и на крај спој со улица Пано Мадуров (согласно ДУП за УЕ 12К –дел)

Површината на планскиот опфат изнесува 9,79 ха.

Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.4 и 6.5-дел, УЕ 10, дел од Блок 10.2 и УЕ 11, дел од Блок 11.1    ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.

                Јавната анкета трае од 23.03.2022 до 15.04.2022  година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

           Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

            Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден  25.03.2022  година (Петок) во 11.00  часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.

 

Одржување на Јавна презентација и Јавна анкета за             Детален урбанистички план за УЕ 6 за дел од Блок 6.4 и 6.5-дел, УЕ 10, дел од Блок 10.2 и УЕ 11, дел од Блок 11.1    ,,ЦЕНТАР” КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“    бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

 

ОБЈАВА број  03/2022 за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање

ОБЈАВА број 03/2022 за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање

Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 46, 47, 48, 49 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Сл.весник на РМ“ бр.78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари–моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-347/10 од 27.01.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.06/22), Извештај од извршена процена за утврдување на пазарна вредност на транспортни средства, изработен од ДТЛППУТ „Оптима Логистик АГ“ ДООЕЛ увоз–извоз Кавадарци, со деловоден бр.03-01/1 од 21.01.2022 година и наш деловоден бр.10-454/1 од 24.01.2022 година, Комисијата за недвижни и движни ствар сопственост на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  03/2022

за продажба на движни ствари по пат на електронско јавно наддавање

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на движни ствари сопственост на Општина Кавадарци, согласно Одлука за продажба на движни ствари–моторни возила во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-347/10 од 27.01.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.06/22).

     Објава бр.3 Продажба на движни ствари за коли 2022

СООПШТЕНИЕ

За спроведување на јавен увид по 

  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1795, КП 1796 КО Ресава, Општина Кавадарци 

Член 1 

Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека се организира Јавен увид по  Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1795, КП 1796 КО Ресава, Општина Кавадарцитех.бр. 03-07/2021 од Февруари 2022, изработен од Друштво за трговија на мало и проектирање ,,АРХИКОНС”  Јован ДООЕЛ Кавадарци.

Член 2 

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1795, КП 1796 КО Ресава, Општина Кавадарци е опфатена во рамките на урбаниот опфат на Просторниот План на Република Македонија, според кој се изработени условите за планирање на

просторот од страна на Агенцијата за планирање на просторот – Скопје, Република Македонија, со технички број Y17321 од Август 2021. 


Границите на планскиот опфат се:

–          На север граничи со КП 2397, КО Ресава, локален пат

–          На исток граничи со КП 1785, КП 1786, КО Ресава

–          На југ граничи со КП 1789/1, КП 1793, КО Ресава

–          На запад  со КП 1798, КО Ресава. 

Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 5.735м² (0.5735ха).

Со овој урбанистички проект се планира градба на површински соларни и фотоволтаични електрани.

Во границите на планскиот опфат планирано е  оформување на една нова градежна парцела, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, одредување на катноста на градбата, површините за градба, компатибилните намени и сообраќајните пристапи, согласно стандардите и нормативите за урбанистичко планирање за ваков тип на објекти.

Парцелите се со следните класи на намена:

Е – инфраструктури

Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани

E1.8 – Инфраструктура за пренос на електрична енергија

Е1 –Сообраќајни линиски и други инфраструктури. 

Во рамки на градежната парцела се планирани поставување на Површински соларни и фотоволтаични електрани.

Пристапот до градежната парцела ќе се обезбеди со изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пристапен пат до идните фотоволтаични електрани. 

ЈАВЕН УВИД 

На Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Е1.13- површински соларни и фотоволтаични електрани (фотоволтаични плантажи), на КП 1795, КП 1796 КО Ресава, Општина Кавадарциизработен од Друштво за трговија на мало и проектирање ,,АРХИКОНС”  Јован ДООЕЛ Кавадарци дооел со тех.бр. 03-07/2021 од Февруари 2022 ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Кавадарци https://kavadarci.gov.mk/  и https://www.e-urbanizam.mk во  период од 25.02.2022 до 11.03.2022 година за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 8.00 до 16.00 во просториите на Одделението за Урбанизам при Општина Кавадарци.