Категорија: Огласи и соопштенија

ПРВИЧНА ОГРАНИЧЕНА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА ГРАДИНКА НА УЛИЦА РЕСАВСКА

ПРВИЧНА ОГРАНИЧЕНА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИ АСПЕКТИ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА ГРАДИНКА НА УЛИЦА РЕСАВСКА

Известување

Во вторник 06.08.2019 во 11h во просториите на Општина Кавадарци Сала за Совет ќе се изврши презентација на проектот за изградба на градинката во нашата општина на ул. Ресавска. Целта на јавната расправа е информирање на граѓаните и засегнатите страни за активностите за изградба на нова градинка и за документот “Првична ограничена оцена на влијание врз животна средина и социјални аспекти за изградба на нова градинка”. За таа цел на јавната расправа се покануваат граѓани, родители, персонал од градинките, лица од општината, социјални работници, невладини организации, граѓански здруженија и други засегнати страни.

 

Основен проект
КОНКУРС  За доделување на Награда “7  Септември”  на град Кавадарци за 2019 година

КОНКУРС За доделување на Награда “7  Септември” на град Кавадарци за 2019 година

 

По повод „7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци-Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на наградата „7 Септември”.

  1. Наградата „7 Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Кавадарци, за остварувања, во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во земјава и во светот.
  2. На ученици и на студенти Наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.
  3. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до звршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.
  4. Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
  5. Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица.
  6. Предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија.
  7. Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерока од делото,

Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број

Предлозите и иницијативите да се достават најдоцна до 20 август 2019 година.

Формулар за конкурирање за Наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

Предлозите се поднесуваат во 2 примероци преку пошта или директно во соба број 20-Архива на Локалната Самоуправа Кавадарци.

Превземи Документ
Список на извлечени и проверени барања по Јавен повик 1/2019 за енергетско ефикасни грејни тела

Список на извлечени и проверени барања по Јавен повик 1/2019 за енергетско ефикасни грејни тела

По јавното извлекување на ден 01.07.2019 во просториите на Општина Кавадарци согласно Јавен повик 1/2019 за субвенционирање на граѓаните при купување на енергетско ефикасни грејни тела и проверка на извлечените барања, Општина Кавадарци објавува список на субвенционирани баратели.

 

Напомена: Си баратели за субвенционирање на енергетско ефикасни грејни тела по Јавен повик 1/2019 можат да си ја подигнат поднесената документација секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот во канцеларија број 13.

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр.199/14) и измените и дополнувањата на  Законот за просторно и урбанистичко планирање ( “Службен весник на Република Македонија”  бр. 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 64/18 и 168/18) Општина Кавадарци распишува:

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

 

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови и тоа: Детални Урбанистички Планови, Урбанистички планови за села и Урбанистички планови за вон населено место.

Иницијативите може да се доставуваат во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма во архива на Општина Кавадарци.

Предмет на иницијатива може да биде нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.

Јавниот повик трае од 08.07.2019год. до 08.08.2019год.

Објавувањето на Јавниот повик е на:

  • Огласна табла во Општина Кавадарци
  • на официјалниот сајт на Општина Кавадарци kavadarci.gov.mk
  • Во две јавни гласила
  • На официјалниот сајт www.e-urbanizam.mk

 

                                                                          ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

                                                                              ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                               М-р Митко Јанчев

Јавно извлекување за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

Јавно извлекување за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

На ден 01.07.2019 година со почеток во 12:00 часот во просториите на Општинската Сала во зградата на Општина Кавадарци, ќе се одржи ЈАВНО ИЗВЛЕКУВАЊЕ за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година

Се повикуваат граѓаните кои што имаат поднесено барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019 година да присуствуваат на  ЈАВНОТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ.