Категорија: Огласи и соопштенија

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО ПАРТЕРНО И АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИ ПЛОШТАД ВО КАВАДАРЦИ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО ПАРТЕРНО И АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИ ПЛОШТАД ВО КАВАДАРЦИ

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ

Број 14/2018 

За 

ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО ПАРТЕРНО И АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕНАМЕНА НА ДЕЛ ОД ГРАДСКИ ПЛОШТАД ВО КАВАДАРЦИ (амфитеатар и голема фонтана), подобрување на осветлувањето како и дополнување на плоштадот со зеленило и урбана опрема

ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА

Почитувани,

Договорниот орган Општина Кавадарци, има потреба од спроведување на конкурс за избор на идејно партерно и архитектонско решение за пренамена на дел од градски плоштад во Кавадарци (амфитеатар и голема фонтана), подобрување на осветлувањето како и дополнување на плоштадот со зеленило и урбана опрема,  како посебна постапка со доделување на награда на прворангираниот.

За таа цел, договорниот орган спроведува конкурс за избор на идејно решение, во согласност со член 21, став 3 и член 105 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13,148/13,28/14,43/14,130/14,180/14, 78/2015,192/2015,27/2016,120/2016 и 165/2017), за што објави оглас број 14/2018.

Ве молиме да ни го доставите Вашето идејно партерно и архитектонско решение за горенаведениот предмет на конкурсот најдоцна до 30.03.2018 година во 10.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на договорниот орган.

Со оваа покана Ви доставуваме конкурсна документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на идејното решение.

Отворањето на идејните решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени како краен рок за поднесување на идејните решенија во просториите на договорниот орган.

Однапред благодариме на соработката.

Во Кавадарци,

05.02.2018 година

 

Конкурс за избор на идејно решение
Извод од план
Конкурсна документација
Проектна програма за конкурс
Слики од плоштад
ОБЈАВА  За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

ОБЈАВА За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 став1 точка 5 од Законот за Локална Самоуправа , член 39 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци”бр.13/06, 24/2010), а во врска со член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ”бр.68/04,127/06,114/09,83/10,140/10,17/11,53/11,6/12, 23/13, 120/131 63/13,187/13,42/14,112/14,166/14,44/15,97/15,124/15,129/15,193/15, 37/16 , 71/16),

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Објавува

ОБЈАВА

За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Линија бр.3

КавадарциШивецВозарциДреново

Линија бр.6

КавадарциСтраговоКрњевоЧемерско –Бохула

Линија бр.7

КавадарциСтраговоКрњевоГ.Бошава,Долна Бошава,Конопиште –Бојанишка станица

Линија бр.8

КавадарциВозарциМотел ДреновоРаец

Линија бр.10

КавадарциБојанчишка станицаМрежичко –Рожден

Линија бр.11

КавадарциВозарциМотел Дреново –ДебриШтеТрстеник

Линија бр.12

КавадарциРаец

Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. 1.       Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија

и да има регистрирано приоритетна дејност / главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;

  1. 2.       Да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да

има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз;

Јавен повик за изразување на интерес на млади лица за запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци

Јавен повик за изразување на интерес на млади лица за запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци

Врз основа на член 22 став 1 точка 3 од Законот за Локалната Самоуправа ( ,,Сл. Весник на РМ,, бр.05/02)Градоначалникот на Општина Кавадарци  објавува:

 Ј А В Е Н   П О В И К за изразување на интерес на млади лица  за  запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци и вклучување во активностите на секторот

   Општина Кавадарци со цел да го промовира и зајакне работењето на Секторот за Локален Економски Развој ги повикува  да изразат интерес, сите лица од Општина Кавадарци кои ги исполнуваат следниве критериуми:

 –          Завршено универзитетско образование од следниве области ( економски, правни и општествени науки)

–          Познавање на англиски јазик минимум ниво Ц1

–          Познавање во изработка на проектни апликации

Заинтересираните кандидати да  ги достават следниве документи :

–          Кратка биографија

–          Мотивационо писмо ( не подолго од една страна)

 Пријавата заедно  со бараните документи да се достават  во затворен плик со назнака ,,Јавен Повик- Сектор ЛЕР,, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до 16 Фебруари 2018 година  до 16 часот. Пријавите пристигнати по наведениот рок нема да се разлегуваат.

По разгледување на пријавите  кандидатите ке бидат повикани на разговор.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ГРАДОНАЧАЛНИК

М-р Митко Јанчев

Јавен повик
Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2018 година

Општина Кавадарци објавува Конкурс за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2018 година

 Врз основа на Одлука на Совет бр.08-4875/12  за делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата во 2018 година ,член 4 од Правилникот бр.  08-4875/13  за начинот и постапката за делегирање на надлежноста на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културни манифестации по Програмата за активности на Општина Кавадарци во областа на културата за 2018 година  на правно лице, член 113 став 1 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.08/05), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,

 КОНКУРС За делегирање на надлежностите на Општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по Програмата од областа на културата за 2018 година на правно лице

Се делегираат надлежностите за организирање и реализирање на културни манифестации предвидени во Програмата за активностите на општина Кавадарци во областа на културата за 2018 година и тоа :

1.Културно стопанска манифестација ,,Св.Трифун“  -14ти Февруари 2018

2.Културно стопанска туристичка манифестација ,,Тиквешки Гроздобер“-септември

3.Нова Година – декември 

 

Конкурс за култура

Пријава за култура
Известување за измените од Законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти

Известување за измените од Законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти

Почитувани,

           Ве информираме и ви ги доставуваме измените од Законот за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти (,,Службен весник на Република Македонија бр.190/17).

 1.  Согласно чл.2 имателите на бесправни објекти утврдени во членот 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти ( Службен весник на Р.Македонија” бр.23/11, бр.54/11, бр.155/2012, бр.72/2013,  бр.44/2014, бр.115/ 14, бр. 199/14, бр. 124/15, бр .129/15, бр.217/15,бр.31/16 година),на кои објекти заклучно со 3 март 2011 година се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и истите претставуваат  градежна и функционална целина, можат да поднесат барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

2. Барателите на кои до денот на започнување на примена на овој закон  односно до 01.01.2018 година им било одбиено барањето поради некомплетна документација пропишана во членовите 6,7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти (Сл.весник на Р.Македонија број бр.23/11,бр.54/11бр.155/2012,бр.72/2013, бр.44/2014, бр.115/ 14, бр. 199/ 14, бр. 124/15,бр .129/15, бр.217/15, бр.31/16 година), можат да поднесат ново барање,во рок од шест месеци од денот на започнување на примената на овој закон.

3. Барателите кои немаат доставено геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект во роковите од членот 15 став (2) и членот 17 од Законот за изменување  и дополнување на Законот за постапување со бесправни  објекти (Сл.весник на Р.Македонија бр.217/15),односно  имателите на бесправни објекти и имателите на бесправни инфраструктурни објекти и бесправни линиски електронски комуникацииски мрежи и средства кои имаат  поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект до 31 март 2016 година,можат да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект најдоцна до 30 јуни 2018 година.

4. Барателите кои во рокот од ставовите (1),(2) и (3) на овој член,со барањето нема да ја достават потребната документација утврдена во членовите  6, 7 и 8 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти(,,Сл.Весник на , бр.54/2011,155/2012,72/2013,44/2014,115/ 14, 199/14, 124/15 и 129/15,217/15,31/16 година,), надлежниот орган ќе им го одбие барањето за утврдување на правен статус  на бесправен објект.