Категорија: Проекти

ОБНОВЕНА БОЈАТА НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

ОБНОВЕНА БОЈАТА НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАДОТ

Општина Кавадарци реализираше проект за обновување на клупите на градскиот плоштад.

Се обнови фарбата на дрвените делови како на подвижните така и на фиксните клупи во склоп на жардинерите. Од изградбата на новиот плоштад ова е прва посериозна интервенција на дел од урбаната опрема која граѓаните најинтензивно ја користат особено во вечерните часови кога плоштадот „врие“ од народ.

После новата павер ограда на Јаворот кај седумкатницата, потоа префарбувањето на канделабрите од јавното осветлување, како и претходното оспособување на кружните фонтани пред зградата, општинта со ревитализацијата на клупите ги подобри условите за одмор на граѓаните кои преферираат за таа намена да го користат градскиот плоштад.

Инаку ЈП „Комуналец“ редовно го одржува и обновува украсното зеленило во жардинерите на плоштадот.

ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ПАРКИНГ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ПАРКИНГ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ започна со изведување на градежните работи на проширување на тротоарот на улицата „Бел Камен“.

Според проектот општината Кавадарци на ова место ќе изгради паркинг кој треба да го реши проблемот со паркирање на возилата на жителите од трите колективни станбени објекти.

Најпрвин ќе се изврши подѕидување со бетонски блок на ниво на тротоарот кој ќе служи за оформување на дополнителната површина каде ќе се постават бехатон плочки за проширување и создавање на нова паркинг површина.

Овој проект општината ќе го финансира со 153.161 денар, а парите се од буџетото, сметка за комунална изградба.

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „12 ДРУГАРИ“

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „12 ДРУГАРИ“

Општина Кавадарци преку оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци реализираше уште еден проект од комуналната изградба.

Согласно програмата со павер елементи беше поплочен крак од улицата „12 Другари“. Се работи за површина од 160м2,  веднаш до службените простории на ФК „Габер“ во Ваташа.

Притоа за формирање на контурите на улицата се поставија и ивичници во должина од 30 метри.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „БРУШАНСКА“

Општина Кавадарци го реализира проектот за ревитализација на крак од улицата „Брушанска“. Се работи на поставување нови ивичници, по што ќе следи фаза на тампонирање и асфалтирање.

Според проектот ќе се асфалтира површина од 910м2,

По реализацијата на проектот жителите на овој дел од градот ќе добијат уште една ревитализирана улица како надополнување на веќе реконструираните улици „Струшка“ и „Методи Џунов-Џико“ кои општината неодамна ги асфалтираше.

ОБНОВЕН АСФАЛТ НА УЛИЦАТА  „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

ОБНОВЕН АСФАЛТ НА УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Ревитализирана уште една улица во Кавадарци. Фирмата „Изолација“ во рамките на проектот за обновување на дотрајаниот и оштетен асфалт на неколку улици, изврши поставување на нова асфалтна подлога на дел од улицата „Рајко Жинзифов“.

Овој пат се работи за поставување нов асфалт на површина од 1500м2 и тоа на делот од спојот со улица „Шишка“ во должина од 260 метри.