ПРОШИРУВАЊЕ ЗА ПАРКИНГ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“
Оперативата на фирмата „Павер трејд“ започна со изведување на градежните работи на проширување на тротоарот на улицата „Бел Камен“.
Според проектот општината Кавадарци на ова место ќе изгради паркинг кој треба да го реши проблемот со паркирање на возилата на жителите од трите колективни станбени објекти.
Најпрвин ќе се изврши подѕидување со бетонски блок на ниво на тротоарот кој ќе служи за оформување на дополнителната површина каде ќе се постават бехатон плочки за проширување и создавање на нова паркинг површина.
Овој проект општината ќе го финансира со 153.161 денар, а парите се од буџетото, сметка за комунална изградба.