ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА
ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА – Инвеститор: ЛАРИ ПР ДООЕЛ, увоз – извоз Кавадарци
ОБРАЗЕЦ ЗА БАРАЊЕ ЗА Б-ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА – Инвеститор: ЛАРИ ПР ДООЕЛ, увоз – извоз Кавадарци
Согласно член 99 став 1 и член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Кавадарци:
ОБЈАВУВА Барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола
Врз основа на член 124 од Законот за животна средина (Сл весник на Р.М. бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кавадарци е доставено барање за добивање Б – Интегрирана еколошка дозвола бр. 14-4916/1 од дпту СЕРТА КОМПАНИ дооел ул. Шишка бб.
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, точка 6, односно подточка 6.4. а) Кланица со капацитет на производство на трупови поголем од 5 t/ден но помал од 50 t/ден.
Ја информираме јавноста дека сите потребни информации за барањето за Б – Интегрирана еколошка дозвола, ќе бидат достапни во просториите на Општина Кавадарци во Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина. Заитересираната јавност може да изврши увид во истата во рок од 15 дена од денот на објавување во просториите на локална самоуправа во соба број 21 од 9,00 до 12,00 часот.
Согласно Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/2005), Законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 81/05, 24/07 и 159/08) со кој се уредуваат правата и должностите на правните и физичките лица во обезбедувањето на услови за заштита и унапредување на животната средина заради остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина и согласно Член 6 Начело на висок степен на заштита при што секој е должен при преземањето активности да обезбеди висок степен на заштита на животната средина и на животот и здравјето на луѓето, Кланица со Ладилник, Серта Компани, поднесува барање за дозвола за усогласување со оперативен план до Општина Кавадарци.
Информациите во барањето за добивање на Дозвола за усогласување со Оперативен план се изготвени согласно барањата на Министерството за животна средина и просторно планирање издадено во Службен весник 4/2006.