Вести

All Blog Posts

ОБЈАВА  За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

ОБЈАВА За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Врз основа на член 50 став1 точка 5 од Законот за Локална Самоуправа , член 39 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци”бр.13/06, 24/2010), а во врска со член 22 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ”бр.68/04,127/06,114/09,83/10,140/10,17/11,53/11,6/12, 23/13, 120/131 63/13,187/13,42/14,112/14,166/14,44/15,97/15,124/15,129/15,193/15, 37/16 , 71/16),

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ – ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Објавува

ОБЈАВА

За прибирање на понуди за распределба на линии и за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за превоз на патници на територијата на Општина Кавадарци

Линија бр.3

КавадарциШивецВозарциДреново

Линија бр.6

КавадарциСтраговоКрњевоЧемерско –Бохула

Линија бр.7

КавадарциСтраговоКрњевоГ.Бошава,Долна Бошава,Конопиште –Бојанишка станица

Линија бр.8

КавадарциВозарциМотел ДреновоРаец

Линија бр.10

КавадарциБојанчишка станицаМрежичко –Рожден

Линија бр.11

КавадарциВозарциМотел Дреново –ДебриШтеТрстеник

Линија бр.12

КавадарциРаец

Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. 1.       Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија

и да има регистрирано приоритетна дејност / главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;

  1. 2.       Да е сопственик на две или повеќе регистрирани возила или да

има договор за лизинг за возила со најмалку 16+1 седиште, што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на општински линиски превоз;

АМБАСАДОРОТ НА УНГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

АМБАСАДОРОТ НА УНГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев денеска оствари работна средба со Неговата Екселенција, Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија господинот Ласло Иштван Дукс.

Ова е прва средба на градоначалникот Митко Јанчев со Неговата Екселенција  Дукс, кој во Кавадарци пристигна во придружба на економскиот советник во унгарската амбасада г-дин Ервин Сел.

По завршувањето на првата работна средба на градоначалникот на Кавадарци со амбасадорот на Унгарија, Јанчев и Дукс, дадоа изјави за јавноста.

Градоначалнуикот Јанчев истакна дека денешната средба минала во исклучително пријателски и конструктивен разговор. Од негова страна го запозна гостинот од Унгарија со географскте карактеристики,  и стопанско економските потенцијали на Општина Кавадарци. Јанчев притоа истакна дека општината е меѓу водечките во Македонија по економските можности и отворена за соработка со сите пријатели и потенцијални деловни партнери. Градоначалникот посопчи дека од Унгарија посебно Будимпешта има што да се научи за екологијата и заштитата на водите, а токму идната прочистителна станица за отпадни води беше и тема на разговор на средбата.

Неговата Екселенција амбасадорот Ласло  Дукс посочи дека  средбата со градоначалникот Јанчев била исклучително плодна. Тој добил директни и многукорисни информации за  економските можности на општината. Смета дека лозаровинарскиот карактер на Кавадарции регионот, се добра можноста за идна соработка со сличен регион во Унгарија, која исто како и Македонија има развиено лозаро винарство. Особено се атрактивни  можностите за соработка на тоа поле, ако и во развојот на винскиот туризам.

Јавен повик за изразување на интерес на млади лица за запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци

Јавен повик за изразување на интерес на млади лица за запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци

Врз основа на член 22 став 1 точка 3 од Законот за Локалната Самоуправа ( ,,Сл. Весник на РМ,, бр.05/02)Градоначалникот на Општина Кавадарци  објавува:

 Ј А В Е Н   П О В И К за изразување на интерес на млади лица  за  запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци и вклучување во активностите на секторот

   Општина Кавадарци со цел да го промовира и зајакне работењето на Секторот за Локален Економски Развој ги повикува  да изразат интерес, сите лица од Општина Кавадарци кои ги исполнуваат следниве критериуми:

 –          Завршено универзитетско образование од следниве области ( економски, правни и општествени науки)

–          Познавање на англиски јазик минимум ниво Ц1

–          Познавање во изработка на проектни апликации

Заинтересираните кандидати да  ги достават следниве документи :

–          Кратка биографија

–          Мотивационо писмо ( не подолго од една страна)

 Пријавата заедно  со бараните документи да се достават  во затворен плик со назнака ,,Јавен Повик- Сектор ЛЕР,, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до 16 Фебруари 2018 година  до 16 часот. Пријавите пристигнати по наведениот рок нема да се разлегуваат.

По разгледување на пријавите  кандидатите ке бидат повикани на разговор.

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ГРАДОНАЧАЛНИК

М-р Митко Јанчев

Јавен повик

Поставување пречки за побезбеден сообраќај во Општина Кавадарци

Оптшина Кавадарци денеска започна со реализација на проектот Поставување на средства за смирување на сообраќајот. Станува збор за  поставување на конусни пластични пречки на коловозните лентиод неколку градски улици. Тие имаат за цел да го спречат брзото и непрописно возење.

Согласно проектот, во наредниот период ќе бидат поставени вкупно 105 парчиња и тоа на неколку фрекфентни улици во близина на две  основни училишта.

Првите вакви пречки беа поставени на две локации на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ на влезот во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.

Потоа  оперативата на  специјализираната фирма „Боита Инг“ од Скопје работеше на  Булеварот„Цветан Димов“ на влезотво ООУ „Гоце Делчев“и тоана двете коловозни ленти.

Овој комунален зафат на Општина Кавадарци ќе биде заокружен со поставување на 65 флуоресцентни пластични сигнализатори под стриучно име „катадиоптери“. Тие имаат за цел во ноќните часови да ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин.

Овие сигнализатори ќе се постават на улиците: „Охридска“, „Љубашка“ и „Партизанска“ со спојотна  „Илинденска“, како и на ул. „Пионерска“ кај ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“.

Општината очекува овие зафати во многу да ја подобрат безбедноста на сообраќајот низ фрекфентните градски улици.

Хортикултурно уредување на жардинерите во центарот на градот

Општина Кавадарци во акција со ЈП „Комуналец“ започна со хортикултурно уредување на жардинерите во стогиот  центар на Кавадарци.

Вработените од комунална хигиена и зеленило денеска работеа на расчистување на жардинерата пред поранешната „стоковна куќа“.

Во оваа акција со која ќе бидат опфатени зелените површини пред седумкатницата, кругот околлу јаворот и сите жардинери од БИД зоната  по улицата „Илинденска“ ќе биде извршено темелно расчистување и обработка на земјата.

Потоа ќе следи нивно хортикултурно уредување со нови тревници, како и садење на нискостеблести растенија.

Општината со овој зафат ќе го подобри градското зеленило, ќе ги разубави жардинерите, со цел подигање на стандардите на  живеење на граѓаните.