Вести

All Blog Posts

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ГРАД КАВАДАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ГРАД КАВАДАРЦИ

Врз основа на член 128-а од Статутот на Општина Кавадарци (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци“ бр.08/05), и член 128-г од Одлуката за формирање на Совет на млади на  Град Кавадарци (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци “ бр.24/2010), Советот на Општина Кавадарци објавува

 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ГРАД КАВАДАРЦИ 

1.Се покренува постапка за избор на членови на Советот на Град Кавадарци.

Советот на млади на Град Кавадарци е советодавно тело на Советот на Општина Кавадарци, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите во Град Кавадарци.

Во Советот на млади на Град Кавадарци можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на територијата на Град Кавадарци и со старосна граница од 15 до 30 години.

2.Советот на млади на Град Кавадарци брои 5 членови.

Советот на млади од своите редови избира претседател и заменик претседател.

Членовите на Советот на млади на Градот Кавадарци се бираат со мандат од две години.

3.Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади имаат : Невладини организации и Здруженија на млади , ученички совети, студенски совети  и други регистрирани облици на организирање на младите.

4.При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик :

-СМ-1 (Образец – Предлог кандидат за член на Советот на млади на Општина Кавадарци)

-СМ-1 (Образец – Согласност за прифаќање на кандидатурата за  член на Советот)

-СМ-1 (Образец – Согласност дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата)

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

5.Предлагчот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и :

–         Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените не постар од 6 месеци или фотокопија од лична карта )

–         Кратка биографија на кандидатот.

–         Фотокопија од регистрација на здружението

Ненавремено доставените документи и нецелосна документација нема да се разгледува.

6.Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на Град Кавадарци е 8 дена од објавување на овој јавен повик.

Потребните обрасци од точка 4 се во прилог на јавниот повик.

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Град Кавадарци , со назнака “Предлог кандидат за избор на членови на Советот на млади на Град Кавадарци, се доставуваат на адреса :

Јавен повик
ОПШТИНАТА СО НИЗА НАСТАНИ ЌЕ ЈА ДОЧЕКАНОВАТА 2018 ГОДИНА

ОПШТИНАТА СО НИЗА НАСТАНИ ЌЕ ЈА ДОЧЕКАНОВАТА 2018 ГОДИНА

Кавадарци се подготвува за дочекот на новата година. Централното градско подрачје е во новогодишен амбиент. Општината годинава за прв пат постави новогодишни светилки и во центарот на селото Ваташа. Покрај украсувањето на централното градско подрачје, годинава за прослава на новогодишните празници се издвоени 803.527 денари.

Според програмата, предновогодишното одбележување ќе започне на 26 декември кога градоначалникот Митко Јанчев и Дедо Мраз ќе им поделат новогодишни пакетчиња на децата од прво до петто одделение во основните училишта „Тошо Велков-Пепето“ и  „Гоце Делчев“. На 27 декември за учениците од училиштата „Страшо Пинџур“ и„Тоде Хаџи-Тефов“, а на 28 декември пакетчиња ќе добијат и децата од училиштата „Димката Ангелов-Габерот“ с.Вататша и од Кавадарци. Новогодишни пакетчиња општината обезбедии за децата од социјално загрозените семејства кои не посетуваат настава, децата од специјалната паралелка, децата кои се на болничко лекување, здружението на слепи лица и други загрозени семејства.

За најмладите во Домот на културата предвидена е и новогодишна детска претстава во изведба на актерите од кавадараечкиот театар за која  годинава влезот ќе биде бесплатен.

Локалната самоуправа  годинава на градскиот плоштад  подготвува дочек на Ниовата 2018 година. Сите кои ќе се решат најлудата ноќ од годината да ја поминат на градскиот плоштад, ќе можат да уживаат во настапите на кавадаречките музичари, групи и виџеи. Програмата ќе ја води кавадараречкиот актер Диме Коцевским а во музичкиот дел напрограмата ќе настапт домашните: Александра Михова, DJ Face, и рок составите Трилоџи, Лексикон и Бадасал.

Во новогодишаната програма е вклучен и традиционалниот божичен концерт на основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ кој ќе се оддржи на 8 јануари.

СОВЕТОТ УСВОИ ПРОГРАМА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

СОВЕТОТ УСВОИ ПРОГРАМА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

Кучињата скитници се голем проблем во Кавадарци и кавадарчани со право очекуваат решавање на истиот. Евидентирани се повеќе случаи на граѓани кои се каснати од куче скитник. Во правец на реализирање на заложбите за конечно симнување на овој  проблем од  дневен ред Советото на општината усвои Програма за заштита и благосостојба на кучињата скитници.

Во програмата меѓу другото стои дека, бездомните кучиња ќе се заловуваат и ќе се третираат преку социјализација и обележување со микрочип. Нивното неконтролирано размножување ќе се решава со кастрација, Најголем дел од мерките содржани во програмата ќе ги реализира ЈП „Комуналец“ во соработка со регистрирани прифатилишта. Во програмата се предвидува хумана еутаназија на бездомните кучиња во случај на појава на заразна болест.

Контролата на квалитетот и исправноста во извршувањето на обврските на општина Кавадарци, согласно Закон за заштита и благосостојба на животните и годишната програма ќе ја врши инсепкторатот од Агенцијата за храна и ветеринарство, а контрола над спроведувањето на општите мерки пропишани во програмата ќе врши  општината.

За да се реализираат предвидените активности во програмата општината од буџетот ќе издвои 300.000 денари.

Раководителот на секторот за комунално уредување, сообраќај, екологија и заштита на животната средина Драган Симоновиќ на седницата даде образложение на програмата  и нагласи дека општината со бездомните кучиња ќе се справува согласно законските прописи.

„Пренесената надлежност на ЈП Комуналец опфаќа тие да се организираат во делот на заловување на кучињата скитници или тие на тендер да ја дадат дејноста на некоја овлатена институција што ги исполнува законските услови. До сега не сме ја носеле оваа програма. Во првата година ЈП „Комуналец“ најверојтано ќе ја даде оваа дејност на овластено прифатилиште. За тој период додека се даде надлежноста на друга организација,  Комуналец треба да се опреми со простор каде што ќе се стационираат кучињата и ќе се третираат соодветно. Заловените кучиња ќе се чуваат 24 до 48 часа согласно Закон и ќе се регулира проблемот, да нема кучиња скитници на територијата на општина Кавадарци“ рече Симоновиќ.

ПОСТАВЕНИ 23 МЕТАЛНИ СТОЛБОВИ НА ТРОТОАРОТ  ПРЕД СТАРАТА СТОКОВНА

ПОСТАВЕНИ 23 МЕТАЛНИ СТОЛБОВИ НА ТРОТОАРОТ ПРЕД СТАРАТА СТОКОВНА

Во активностите за решавање на проблемот со непрописното паркирање Општина Кавадарци постави метални столбови како физичка пречка на торотоарот пред објектот на поранешната „Стоковна куќа“.

Станува збор за 23 метални столбови со висина од 80 сантиметри кои се поставени на растојание од 1,7м, во вкупна должина од 40 метри. Со овие столбови се обезбеди пешачката патека која пред нивното поставување служеше за непрописно косо паркирање на возила.

Општината со овој зафат обезбеди значително подобрување на сообраќајот на низ главната сообраќајница ул„Илинденска“ од спојот со ул „Тиквешко востание“ до семафорот на делот од крстосницата со ул„Мито Хаџи-Василев“.

На овој простор сега има безбедно движење на пешаците, а сообраќајот по „Илинденска“ доби  пголема пропусна моќ. Вакви зафати општината најавува и на останатите сообраќајници.

 

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2017 за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

ЈАВЕН ПОВИК бр.1/2017 за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на прграми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци бр.07-873/29 од 28.02.2014 година (“Сл.Гласник на Општина Кавадарци” бр.13/2014) ,

ОПШТИНА КАВАДАРЦИЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Објавува ЈАВЕН ПОВИК бр.1/201за прибирање на апликации за финансиска подршка од буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година, наменети за спортисти, спортски клубови, професионални клубови регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци, општински и училишни сојузи

Јавен повик