Автор: Општина Кавадарци

ПРОЕКТОТ ПАРК „СОЛУНСКА ГЛАВА“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

ПРОЕКТОТ ПАРК „СОЛУНСКА ГЛАВА“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Општина Кавадарци со посредство на „Мој општинар“, а на барање на жителите, преку оперативата на ЈП „Комуналец“ го реализира проект за обновување на рекреативната зона на улицата „Солунска глава“.

Во текот на месец Октомври на површина од 3000м2 вработените од работната единица „паркови и зеленило“ секојдневно работеа на расчистување и уредување на просторот.

Согласно проектот теренот најпрвин се расчисти од отпад, шут и обрасната вегетација. Се замени старат и искршена фонтана со нова, се промени водоводната инсталација и се постави подземен систем со рапрскувачи за полевање.

Ќе следи хортикултурно уредување со трева и ниско стеблести растенија, а општината планира и репарирање на постојните реквизити од детскиот забавен парк.

Рекреативниот парк ќе добие и дополнително јавно осветлување.

По звршувањето на работите граѓаните од овој дел на градот ќе добијат обновена зона за одмор и рекреација. 

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА САЛАТА „ПАРТИЗАН“  СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА САЛАТА „ПАРТИЗАН“ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО

Проектот на општината за реконструкција на салата „Партизан“ е во тек. На увид во текот на градежните работи беше градоначалникот Митко Јанчев кој на самото мести имаше можност да види како се одвива реконструкцијата на најстарат спортска сала во Македонија.

Општина Кавадарци со овој проект ќе изврши внатрешна ревитализација на објектот со замена на таванот, на столаријата, на паркетот на теренот, а ќе се санира и фасадата.

На крајот ќе се интервенира и со хортикултурно уредување пред салата.

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ТОДЕ МАЈСТОРЧЕВ“

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ТОДЕ МАЈСТОРЧЕВ“

Уште една кавадаречка улица доби нов асфалт. Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ ја ревитализираше улицата „Тоде Мајсторчев“. На површина од 680м2 се постави нов слој асфалт.

Претходно беше отсранета старата и оштетена асфалтна подлога во должина од 160 метри, после што уследи постапка на подготовка со тампонирање и асфалтирање.

Со реализацијата на овој проект општината излезе во пресрет на барањата на жителите од овој дел на Кавадарци за подобрување на стандардите на живеење.

Рушење на  склонопадните куќи на улица Страшо Пинџур

Рушење на склонопадните куќи на улица Страшо Пинџур

По долг временски период од речиси 60 години се рушат склонопадните куќи кај триаголникот. По рушењето ќе се изгради и тротоар и оваа црна точка во сообраќајот ќе стане безбедно место за сообраќај и за пешаците. Надлешните службите веднаш реагираа со чистење и миење на просторот.

КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА БАДЕВ

КАВАДАРЦИ ДЕНЕСКА ОДБЕЛЕЖУВА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА БАДЕВ

Под покровителство на градоначалникот м-р Митко Јанчев и советот на општината, Кавадарци денеска одбележува значаен јубилеј, 100 години од раѓањето на Никола Бадев.

Во склоп на одбележувањето во Музејот на Вкусот и традицијата (нов музеј) ќе биде отворена спомен соба на великанот на македонската народна песна.

Во спомен собата е изготвена поставка во која се наоѓаат: примот на кој Бадев настапувал, реставрираната гитара на која ги свирел најубавите македонски народни песни, потоа 48 фотографии од различни периоди на неговиот живот.

Во колекцијата која е донација од семејството на Никола Бадев се наоѓаат бележниците во кој ги запишувал народните песни, голем број на сингл и ЛП грамофонски плочи од неговиот богат дискографски опус, како и лични и семејни предмети.

Во чест на Бадев на спомен бистата на плоштадот ќе бидат положени букети свежо цвеќе, а од 19.00 часот во салата на домот на културата ќе се одржи концерт во чест на Никола Бадев на кој ќе настапат групи и пеачи од Кавадарци и Ваташа.