Автор: Општина Кавадарци

НОВ АСФАЛТ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР- КАПЕЛА-СТАРА БЕНЗИНСКА

НОВ АСФАЛТ НА ЗАПАДЕН БУЛЕВАР- КАПЕЛА-СТАРА БЕНЗИНСКА

Оперативата на Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ веќе трет ден работи на подготовкаа и поставување на нов слој асфалтна подлога на делница од „Западен булевар“ односно на западниот влез во Кавадарци, од правецот на Прилеп. Една од нај фрекфентните, но и нај оштетените улици во градот, Западниот булевар, особено потегот од влезот на винаријата „Тиквеш“ до градската капела ќе добие сосема нова асфалтна обвивка. Деновиве интензивно се работи на целосна обнова на горниот слој асфалтна површина од 4.500 м2.

„Со овој зафат се заокружува целосната обнова на западниот влез во градот. Претходно во два наврати завршивме целосно асфалтирање од Југокомерц до Градската капела со што во целост е ревитализиран најоштетениот асфалт на делницата од Југокомерц до главната капија на Винарската визба „Тиквеш“ вели градоначалникот Панов кој изврши увид во асфалтирањето.

Планирано е работите да завршат во наредните два дена, со што влезот во Кавадарци од правец на Прилеп ќе се одвива по целосно обновена асфалтна подлога, на задоволство на сите учесници во сообраќајот.

НАСКОРО ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ КОН БРУШАНСКИ МОСТ

НАСКОРО ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ КОН БРУШАНСКИ МОСТ

Реализација на третата фаза за изградба на кејот на реката Луда Мара е новиот проект на кој ќе се работи во Општина Кавадарци.  Локалната самоуправа претставувана од градоначалникот Александар Панов потпиша договор  со Центарот за развој на Вардарски плански регион претставуван од раководителот Марко Колев. Вредноста на проектото изнесува околу 15 милиони денари, а кавадарчани ќе добијат уште неколку стотина метри регулирано речно корито и урбанизиран градски кеј.

После потпишувањето на договорот градоначалникот Александар Панов изјави „Како единствен апликант од Варадарскиот регион беше Општина Кавадарци. Врз основа на тоа беше решено ние да добиеме финансии од Бирото за регионален развој за довршување на кејот до „Брушанскиот мост“. Тоа ќе биде третата и последна фаза во овој период. Над 5 милиони денари се пари од оперативниот буџет на локалната самоуправа, а над 9 милиони пари од Бирото за регионален развој“.

Раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Марко Колев за извонредна ја оцени соработката со општина Кавадарци и најави нови проекти за во следниот период. „Добрата соработка резултираше со неколку инфраструктурни проекти кои ги имплементиравме на територијата на општина Кавадарци. Вкупниот буџет за овој проект е 15 милиони денари. Со овој проект ќе бидат опфатени 355 метри од кејот на реката Луда Мара. Ќе се постави урбана опрема и осветлување. Во проектот се предвидени и два пешачки моста кои ќе бидат изградени“ информираше Колев.

Советот на Вардарски плански регион ја одржа редовната седница во Кавадарци. Градоначалниците од овој регион имаа шест точки на дневен ред.

 

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ПОБЕДАТА НАД ФАЖИЗМОТ

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ПОБЕДАТА НАД ФАЖИЗМОТ

Со изведба на химните на Република Македонија од хорот при ОМБУ „Лазо Мицев-Рале“ и на Европската Унија од учесниците на фестивалот „Ластарчиња“  започна свеченоста за одбележување на 9 мај Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. На свеченоста која се одржа во салата на домот на културата присуствуваа градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија Неговата екселенција Воутер Пломп. Во рамки на свеченоста за одбележување на денот на Европа беше промовирана книгата „Име од светлина и рани“ од група автори, а во издание на „Македонски манифест“. За делото говореше Ефтим Клетникот. Рече дека денес во 21 век од големите центри на Република Македонија и е забрането да го употребува своето автентично име и потенцира дека актот за менување на медедонското име  е акт на геноцид.

Одбележувањето продолжи со културно уметничка програма во која нзастапија интерпретаторката Александра Михова, балетското студи „Венус“ и студиото за латино танци „Старс“ од Кавадарци. Свои настапи со музички точки имаа и учениците од основните училишта „Тошо Велков-Пепето“и „Тоде Хаџи-Тефов“. На крајот од програмата на сцената беа учениците од гимназијата „Добри Даскалов“кои се претставиа со гимнастички игри, одвремето на детството на нивните дедовциибаби. Беа тоа веќе заборавените игри „Д‘га  магарица“ „Анина-Јанина“ „Б’з“, „Ластика“, Скокање на артома (јаже)  и.т.н.

Претходно градопначалникот Александар Панов и делегација од поќитувачитеи членовите на Здружението наборцитеод НОБ положија букети свежо цвеќе пред споменикот на Слободата и револуцијата на градскиот плоштад.

 

5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧЕНИЧКИОТ ДОМ

5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧЕНИЧКИОТ ДОМ

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов изврши Увид во работите на реконструкцијата просториите во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци. Се обновуваат ѕидовите, се менува столаријата, се реновираат санитарните јазли и ентериерот. Проектот е на Владата и Министерството за образование и наука вреден околу пет милиони денари Со сретства од општината, претходно беше извршена замена на подовите во домот.

Градоначалникот Панов информираше дека со финансиски средства од локалниот буџет ќе се набават нови душеци за креветите во интернатот како заокружување на рновирањет. „Со тоа ќе имаме комплетно реконструирани институции од ваков вид во општината, без разлика што домот не е под надлежност на локалната самоуправа“ нагласи градоначалникот.

Директорката Трајанка Толева појасни дека се реновира целиот втори кат, 14 простории плус ходници. Ова е прва реконструкција во домот кој постои околу четири децении.

Советникот во Советот на општина Кавадарци, Ристо Сакалиев, потсети на времето кога и самиот престојувал во овој дом, посакувајќи учениците кои престојуваат тука, да имаат што е можно подобри услови за живот додека се школуваат.

Капацитетот на ученичкиот дом е сто ученици. Реновирањето треба да заврши до крајот на месец август и домот подготвен да ги прими новите корисници.

Б – интегрирана дозвола – Кланица со ладилник Серта компани Кавадарци

Согласно Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/2005), Законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 81/05, 24/07 и 159/08) со кој се уредуваат правата и должностите на правните и физичките лица во обезбедувањето на услови за заштита и унапредување на животната средина заради остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина и согласно Член 6 Начело на висок степен на заштита при што секој е должен при преземањето активности да обезбеди висок степен на заштита на животната средина и на животот и здравјето на луѓето, Кланица со Ладилник, Серта Компани, поднесува барање за дозвола за усогласување со оперативен план до Општина Кавадарци.

Информациите во барањето за добивање на Дозвола за усогласување со  Оперативен план се изготвени согласно барањата на Министерството за животна средина и просторно планирање издадено во Службен весник 4/2006.

Додатоци за б- интегрирана дозвола