Категорија: Актуелни информации

Јавен повик за 2023 година за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Јавен повик за 2023 година за прибирање предлог проекти по приоритетните области…

Врз осова на член 113 точка 20 од Статутот на Општина Кавадарци (“Службен гласник на Општина Кавадарци” бр. 08/2005…75/21), Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК 

          За прибирање предлог проекти по приоритетните области: Родова еднаквост и човекови права, Негување на културата и културното наследство, Младински иницијативи и Вработување, Социјална инклузија, Заштита и спасување на животна средина, Грижа за животните од Програмaта G1 Поддршка на ЛЕР  од буџетот на општина Кавадарци за  2023 година.

  

          Финансиските средства предвидени во Програмата G1 – Поддршка на ЛЕР/трансфер до НВО, од буџетот на Општина Кавадарци за 2023 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од Општина Кавадарци за проекти во рамките на Стратегиските развојни документи на Општина Кавадарци за 2023 година, соодветни на приоритетните области и цели.

  • Целосната содржина на јавниот повик може да ја видите на следниов линк.

Документација

Јавна презентација на планот за јавни набавки пред претставници на компании

Јавна презентација на планот за јавни набавки пред претставници на компании

Денеска во просториите на Локалната самоуправа градоначалникот Митко Јанчев и службите од секторот за јавни набавки, за првпат јавно го презентираа планот за јавни набавки пред претставници на компании. Целта на овој состанок беше транспарентност, отчетност и поголемо запознавање на компаниите заради подобар квалитет и конкурентност при јавните набавки, при што тој ја информираше јавноста дека за годинава се предвидени 92 постапки за јавни набавки.

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели проект за пробивање и тампонирање на локални патишта

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели проект за пробивање и тампонирање на локални патишта

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски на секретарот на Општина Кавадарци Тодор Ефремов, му го додели решението за инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта.

Односно станува збор за приспособување на патната инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште на МВ место викано Шамаците – Општина Кавадарци.

Вкупната одобрена вредност изнесува 1.000.000денари.

 

ОБЈАВА број 01/2023 за продажба на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОБЈАВА број 01/2023 за продажба на недвижни ствари по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Врз основа на член 24, 25, 26, 27, 28, 29 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Сл. Весник на РМ“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18) и (Сл. Весник на РСМ“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7000/7 од 15.11.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.24/22), Извештаи за процена на недвижен имот бр.01-94, бр.01-95 и бр.01-96 од 28.10.2022 година изработени од Трговец поединец за вештачење и процена Д-р Анастас Ѓорѓи Џуровски ТП Ресен и заведени под бр.19-3043/23, бр.19-3043/25 и бр.19-3043/26 од 14.11.2022 година на Општина Кавадарци, Комисијата за недвижни и движни ствари на Општина Кавадарци, објавува:

ОБЈАВА број  01/2023

за продажба на недвижни ствари по пат на

ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

            Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на недвижни ствари–објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на недвижни ствари на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци2 во сопственост на Општина Кавадарци по пат на електронско јавно наддавање бр.08-7000/7 од 15.11.2022 година донесена од страна на Совет на Општина Кавадарци („Сл.гласник на Општина Кавадарци“ бр.24/22).

2.ПОДАТОЦИ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ – ОБЈЕКТИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА

            Предмет на продажба се недвижни ствари – објекти сопственост на Општина Кавадарци, кои се наоѓаат на кп.бр.12689/2 КО Кавадарци 2 запишани во Имотен лист бр.15775 и тоа:

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала

                Врз основа на член 50 став 16 од Законот за Локална Самоуправа (Службен весник на РМ бр.5/2002 од 29.01.2002 година), член 113 став 20 од Статутот на Општина Кавадарци (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.8/05 ), Програмата за Локален економски развој на Општина Кавадарци за 2023 година бр.08-7742/27 од 22.12.2022 година (Сл.гласник на Општина Кавадарци бр.25/22), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на физички лица за купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6kW за 2023 година  бр.08-7742/28 од 22.12.2022 година (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22), и член 4 став 1 од Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за 2023 година бр.08-7742/29 од 22.12.2022 година  (Сл.Гласник на Општина Кавадарци бр.25/22),

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

ОБЈАВУВА ЈАВЕН ПОВИК

за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Кавадарци за субвенционирање на физички лица за купување и инсталирање на фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6kW за 2023 година

 

  1. Опис на јавниот повик

            Со цел стимулирање на домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата, и не влијаат врз климатските промени, Општина Кавадарци доделува поединечна субвенција на физички лица кои ќе купат и инсталираат фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија од 4kW до 6kW, на објект во индивидуална сопственост, со право на сопственост или користење, за 2023 година.

                 На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при купена и инсталирана фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, во висина до  30% од инвестицијата, но не повеќе од 90.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход.

                  Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

                Јавниот повик ќе трае до целосно исцрпување на финансиските средства од Буџетот на Општина Кавадарци определени за таа намена.

                Read More