Согласно член 67 став 1 од Законот за локалната самоуправа (”Службен весник на Република Македонија”бр.5/2002), а во врска со член 80, член 80-а од Законот за градење (”Службен весник на Република Македонија” бр.130/2009, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13, 163/13, 27/14, 28/14, 42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16, 35/18, 64/18, 168/18 и ”Службен весник на Република Северна Македонија” бр.244/19, 18/20 и 279/20), како и Одлуката за изменување и дополнување на одлуката утврдување на висината на комуналните такси во Општина Кавадарци со арх.бр.08-888/10 од 17.02.2021 година, Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува,
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ
Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик да достават директно преку архива на општината или преку пошта со препорачана поштенска пратка барања за поставување на урбана опрема во место викано „12-те Ваташки другари”, општина Кавадарци на следните 4 локации:
Локација бр.1
Описни податоци: На локација бр.1 постои урбана опрема од фиксирани масички (9 броја) и фиксирани столчиња (36 броја броја).
Исто така, во склоп со оваа површина постои шанк со две помошни простории изградени од тврд материјал, санитарни јазли коиштво се заеднички за сите предвидени корисници, подиум, ограден подиум со пристапна рампа и посебна настрешница од челик во шестоаголна форма. Вкупната површина од локацијата број 1 изнесува:
- Подиум – 46,60м2
- Долно ниво – 107,00м2
- Горно ниво – 122,64м2, заедно со шанк
Вкупно: 276,20м2. Read More