Павославните христијани го празнуваат овој голем празник. Во сите храмови се служеа литргии, а во водите се потопуваше осветен крст. Дваесет и пет годишниот Никола Мантев од Кавадарци беше најсреќен меѓу десетината момчиња кои скокнаа по светиот крст во водата на реката Луда Мара во Кавадарци. Голем број верници присуствуваа на централната манифестација по повод големиот празник Богојавление Водици. И покрај снегот сепак верниците во голем број излегоа на богојавленскиот водосвет.
„Водата беше ладна но сепак среќен сум што успеав да го фатам светиот крст. Очекувам здравје, среќа и радост, рече во изјавата за медиумите Мантев. Тој од локалната самоуправа доби тв приемник Подароците ги врачи градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов. Тој упати честитки до сите верници по повод празникот Богојавление., од аптеки Зегин исто такабеше доделен тв приемник.
На чинот на осветување на водата во реката Луда Мара и потопување на светиот крст претходеше света литургија во храмот Свети Димитрија и во Света Петка. Потоа верниците од двете цркви со литии се упатија кон кејот на реката. Овде, на пунктот на Црвен Крст Кавадарци на присутните верници им се делеше чај, а екипи на итната медицинска помош извршија преглед на момчињата кои скокаа по осветениот крст. Богојавление-Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.
Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огре¬вовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.
Петнаесет годишниот Јован Гогов ја имаше среќата прв да доплива до светиот крст кој се фрлаше во водите на браната Моклиште.
Повеќе од една деценија богојавлеснки водосвет се врши и на водите од браната Моклиште. Голем број верници од Ваташа и Кавадарци и покрај снегот дојдоа во Моклиште.
По осветувањето на водата, светиот крст беше потопен во делумно замрзнатата акомулација, а до него прв доплива петнаесет годишниот Јован Гогов од Ваташа. Тој трет пат по ред е најреќниот меѓу момчињата кои учествуваат во богојавленската процесија.
Гогов на сите верници им посака добро здравје, а доби тв приемник од лоаклната самоуправа, уште неколку други подароци обезбедени од спонзори на манифестацијата.
Градоначалникот Александар Панов нагласи дека општината ја подржува и манифестацијата во Моклиште.
На фрлањето на светито крст во Моклиште претходеше и света литургија во црквата Света Богородица во село Ваташа, каде исто така беше осветена вода, а присуствуваа голем број верници.