Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ОБИКОЛНИЦА

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“ ОБИКОЛНИЦА

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за реконструкција на целата должина од заобиколницата од спојот со улицата „Шишка“ до спојот со „Западен Булевар“.

Во оваа фаза се изведуваат градежни работи на Северен  Булевар на потегот од спојот со „Булевар Никола Минчев“ до спојот со „Западен Булевар“.

Според проектот работите започнаа на 01.10.2018 година, а треба да завршат на 31.12.2018 година. Во овој перод заобиколницата ќе биде затворена за сообраќај согласно динамиката  на одвивање на градежните работи.

Општината информира дека во периодот од 01.10.2018 година до 31.12.2018 година улиците „Западен Булевар” и „Северен Булевар” ќе бидат затворени за сообраќај за тешки товарни возила, а тешките товарни возила се упатуваат да го користат  регионалниот пат Прилеп – Градско (преку Мотел Дреново).

 

Рехабилитација на шахтите по кавадаречките улици

Рехабилитација на шахтите по кавадаречките улици

Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ деновиве засилено работи на рехабилитација на шахтите по кавадаречките улици.
Станува збор за редовна активност на комуналното претпријатие, која деновиве се изведува интензивно. Целта е да се санираат сите оштетени шахти и да се израмнат со нивото на асфалтот од коловозите. Со овој зафат како трајно решение ќе се рехабилитираат шахтите и ќе се отстранат и опасностите од нив како ударни дупки при одвивањето на сообраќајот по градските улици.

Поплочување на улица во селто Чемесрко

Поплочување на улица во селто Чемесрко

Општина Кавадарци во рамките на програмата за комунална изградба реализира проекти и во месните заедници низ селата.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ работи на поплочување улица во селто Чемесрко.

Станува збор за пристапна улица каде на површина од 250м2 се поставуваат бехатон плочки. Овој комунален проект општината го реализира на барање на жителите од селото во непосредна близина на поранешното селско училиште, а во соработка со Месната заедница.

ОГРАДЕН ТЕРЕНОТ ЗА КОШАРКА КАЈ ЗГРАДИТЕ НА БУЛЕВАРОТ „КОЧО РАЦИН“

ОГРАДЕН ТЕРЕНОТ ЗА КОШАРКА КАЈ ЗГРАДИТЕ НА БУЛЕВАРОТ „КОЧО РАЦИН“

Деновиве фирмата „ЗД Горан“ преку својата оператива работи на реализацијата на комуналниот проект за оградување на кошаркарскиот терен зад зградите на булеварот „Кочо Рацин“.
Станува збор за проект на општина Кавадарци согласно кој кошаркарското игралиште ќе биде оградено и оспособено за рекреација на жителите пред се младите од оваа урбана населбА.
Со овој проект општината продолжува со уредувањето на просторот, од каде претходно беа отстранети лимените гаражи, потоа се прошири и асфалтира паркингот, а се изврши и хорти културно уредување на запуштените зелени површини.
Оградувањето на теренот за улична кошарка е продолжение на проектот на општината за урбано уредување на овој простор наменет за одмор и рекрација на граѓаните.

ПОПЛОЧЕН ПРЕОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД ПАТОТ  КОН МОКЛИШКИОТ МАНАСТИР

ПОПЛОЧЕН ПРЕОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД ПАТОТ КОН МОКЛИШКИОТ МАНАСТИР

Општина Кавадарци во соработка со фирмите донатори „Ас машини„ и „Градба промет“ реализираше проект за доизградба на пристапниот пат кон манастирот „св. Никола“ во Моклиште.

Се работи за поплочување на преостаната делница до брегот на реката до спојот со постојниот поплочен пат. На оваа делница по претходна санација на старата подлога се поставиа павер елементи.

По реализацијата на овој проект намерниците, верниците и граѓаните кон овој свет историски храм ќе се движат по урбанизиран пат.